| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Гугл отпушти 28 вработени кои биле против големиот договор со Израел
Вработените протестираа против „Нимбус Проџект“, според кој, Гугл во соработка со Амазон ќе обезбедува услуги за складирање и обработка на податоци во облак за израелската влада, проект вреден 1,2 милијарди долари
Гугл отпушти 28 вработени кои биле против големиот договор со Израел
Од Гугл информираа дека отпуштиле вработени кои за време на протестот уништувале канцелариска опрема и ја попречувале работата на другите / Photo: AA / AA

Американската технолошка корпорација Гугл отпушти 28 вработени, кои активно се спротивставија на големиот договор на компанијата вреден 1,2 милијарди долари со Владата на Израел.

Вработените во две канцеларии на Гугл, во Њујорк и во Калифорнија, протестираа против „Нимбус Проџект“, според кој Гугл во соработка со Амазон ќе обезбедува услуги за складирање и обработка на податоци во облак за израелската влада, пишува технолошкиот портал Верџ.

Тие рекоа дека договорот им помага на израелските власти, а особено на израелската армија, во „спроведувањето на политиката на геноцид“, мислејќи на тековниот воен конфликт на Израел со палестинското движење Хамас.

Според информациите од интерен допис на Гугл, компанијата отпуштила вработени кои за време на протестот „уништувале канцелариска опрема, ја попречувале работата на другите вработени и им се заканувале на нивната безбедност“.

„Поради оние кои одбиле да престанат да се однесуваат така интервенирала полицијата и тие биле отстранети од канцеларијата“, се додава во соопштението.

„Огромното мнозинство од нашите вработени ја прават вистинската работа. Ако сте еден од ретките кои мислат дека ќе преминеме преку однесување кое ги прекршува нашите политики, размислете повторно“, предупреди шефот на глобалната безбедност на Гугл, Крис Раку.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев