| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Уште 25 Палестинци се приведени од страна на израелските сили
Според палестинските податоци на Западниот Брег од октомври минатата година израелската армија приведе 8.935 Палестинци.
Уште 25 Палестинци се приведени од страна на израелските сили
Уште 25 Палестинци се приведени од страна на израелските сили / Photo: AA / AA

Израелската армија денес приведе уште 25 Палестинци при воените упади низ окупираниот Западен Брег, според групите за прашања на затворениците.

Приведувањата се извршени во градовите Хеброн, Џенин, Тулкарем, Калкилија и Источен Ерусалим, се вели во заедничката изјава на Комисијата за прашања на затворениците и Здружението на палестински затвореници.

Според палестинските податоци на Западниот Брег од октомври минатата година израелската армија приведе 8.935 Палестинци.

Израелските сили ги нападнаа и малтретираа Палестинците и ги оштетија нивните домови, се вели во соопштението.

Тензиите низ Западниот Брег се зголемија од октомври кога Израел започна смртоносна воена офанзива против Појасот Газа.

Според Министерството за здравство, оттогаш се убиени најмалку 519 Палестинци, а речиси 5.000 се повредени во нападите на израелската армија на окупираната територија.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев