| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Израел уапси уште 60 Палестинци во рациите на Западниот Брег
Според палестинските податоци, со новите апсења бројот на приведени Палестинци од страна на израелската војска на Западниот Брег од октомври минатата година се искачи на 9.100
Израел уапси уште 60 Палестинци во рациите на Западниот Брег
Најмалку 528 Палестинци се убиени на Западниот Брег од 7. октомври / Photo: AA / AA

Израелската војска уапси уште 60 Палестинци во воените рации денес на окупираниот Западен Брег.

Меѓу приведените во рациите, кои беа спроведени во Калкилија, Источен Ерусалим, Наблус, Рамала и Хеброн, се и две жени, се наведува во заедничкото соопштение на Комисијата за прашања на затворениците и Палестинското здружение на затвореници.

Според палестинските податоци, со новите апсења бројот на приведени Палестинци од страна на израелската војска на Западниот Брег од октомври минатата година се искачи на 9.100.

Тензиите се зголемени низ Западниот Брег откако Израел ја започна смртоносната воена офанзива врз Појасот Газа, во која загинаа речиси 36.600 луѓе.

Според податоците на Министерството за здравство, оттогаш се убиени најмалку 528 Палестинци, а речиси 5.100 се повредени од оган на израелската војска на окупираната територија.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата воена операција во Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да почне копнениот напад врз градот на 6 мај.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Милановиќ му ги одзеде одликувањата на Главаш по пресудата за воени злосторства
Куртулмуш повика на сеопфатни реформи низ целиот исламски свет
Данска: Разговорите за Гренланд со САД би можеле да завршат со договор до крајот на годината
Лавров: Русија нема да се согласи на примирје во Украина заради мировни преговори
Трамп му рекол на Нетанјаху: „На сите Евреи им е преку глава од тебе“
Ердоган: Мирот ќе преовлада и покрај израелските провокации
Радев: Американските воени авиони го напуштаат аеродромот во Софија кон крајот на месецот
Заврши судењето на Нетанјаху за корупција по 98 судски рочишта
Рубио ја потврди посветеноста на САД за ОАЕ и заливските земји по војната со Иран
Убиено палестинско дете во израелските напади врз Газа
Трамп: Преговорите со Иран ќе завршат ако воведат давачки за бродовите
Русија најави нова рунда разговори со САД до крајот на летото
Хакан Фидан во Канада: Фокус на трговијата, енергетиката и зајакнувањето на билатералната соработка
Италијански експерт предвидува дека европскиот топлотен бран би можел да продолжи до крајот на јуни
Џозеф Аун: Разговорите со Израел се одвоени од средбите меѓу САД и Иран во Швајцарија