| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Израел приведе 90 Палестинци на Западниот Брег за време на Курбан Бајрам
Според палестинските податоци, со новите приведувања вкупниот број Палестинци кои израелската армија ги приведе на Западниот Брег од октомври минатата година достигна 9.280
Израел приведе 90 Палестинци на Западниот Брег за време на Курбан Бајрам
По нападот на Хамас на 7 октомври се убиени најмалку 548 Палестинци, а речиси 5.200 се повредени од оган на израелската армија на окупираниот Западен Брег / Photo: AA / AA

Израелската армија приведе уште 90 Палестинци во воените рации низ окупираниот Западен Брег за време на муслиманскиот празник Курбан Бајрам, соопшти денес Здружението на палестински затвореници.

Повеќето приведувања беа извршени во гувернатот на Хеброн во јужниот дел на Западниот Брег, истакна Здружението.

Според палестински податоци, со новите приведувања вкупниот број Палестинци кои израелската армија ги приведе на Западниот Брег од октомври минатата година достигна 9.280.

Тензиите на окупираниот Западен Брег се големи откако Израел започна смртоносна воена офанзива против Појасот Газа во која загинаа речиси 37.400 луѓе по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година.

Оттогаш се убиени најмалку 548 Палестинци, а речиси 5.200 се повредени од оган на израелската армија на окупираниот Западен Брег.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата операција во Рафах, каде што над еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев
Калифорниската адвокатска комора го истражува адвокатскиот статус на поранешната портпаролка
„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во светот живее на подрачје на судири
МВР со предупредување до родителите: Заштитете ги децата од онлајн групата „764“