| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Уште 20 Палестинци уапси Израел во рации на Западниот Брег
Со новите апсења, бројот на Палестинците кои израелската армија ги приведе на Западниот Брег од октомври минатата година, според палестинските податоци, се зголеми на 9.300
Уште 20 Палестинци уапси Израел во рации на Западниот Брег
Околу 550 Палестинци се убиени на Западниот Брег откако Израел започна смртоносна воена офанзива против Појасот Газа на 7 октомври / Photo: AA / AA

Израелската армија во четвртокот уапси уште 20 Палестинци во рации на окупираниот Западен Брег, објавија групите за прашања на затвореници.

„Меѓу уапсенитее и претседателот на сега распуштениот палестински законодавен совет, Азиз Двеик“, се вели во заедничката изјава на Комисијата за прашања на затворениците и Здружението на палестинските затвореници.

Двејк беше ослободен од израелската војска претходно оваа недела.

Со новите апсења, бројот на Палестинците кои израелската армија ги приведе на Западниот Брег од октомври минатата година, според палестинските податоци, се зголеми на 9.300.

Тензиите се високи низ Западниот Брег откако Израел започна смртоносна воена офанзива против Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Оттогаш, околу 550 Палестинци се убиени и речиси 5.200 ранети од израелски оган на окупираната територија, според палестинското Министерство за здравство.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафах, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев
„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во светот живее на подрачје на судири
ГТА 6 продаде 24,5 милиони копии и оствари приход од 2,36 милијарди долари
Лидерите на АПЕК повикуваат на посилна поврзаност, помалку трговски бариери на самитот во Кина
Циклонот Акван стигна до индискиот брег
Маск се чувствува прилично глупо што потрошил над 400 милиони долари за кампањи на републиканците
Хутите го погодија највисокиот облакодер во Ријад
Бриселските засолништа се борат да сместат семејства поради кризата со домувањето
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус под заштита на армијата
Русија соопшти дека железничкиот сообраќај на мостот кон Крим е запрен по нов украински напад
Јужна Кореја со строги мерки против мамење со ВИ на приемен испит
САД против „глобалистичка регулација“ на вештачката интелигенција, изјави Трамп на самитот на АПЕК
Туркије објави стапување во сила на договорот за слободна трговија со Украина
Франција: Не сме соучесници во војната во Украина