| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Во израелските напади врз Газа од 7 октомври убиени се 8.572 ученици
Во Појасот Газа, каде што израелската армија продолжува со нападите од 7 октомври, убиени се најмалку 8.572 ученици, а 14.089 се ранети, се наведува во вестите на палестинската новинска агенција ВАФА, цитирајќи податоци од Министерството.
Во израелските напади врз Газа од 7 октомври убиени се 8.572 ученици
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври убиени се 8.572 ученици / Photo: AA / AA

Од 7 октомври 2023 година кога започнаа израелските напади врз Појасот Газа убиени се 8.572 палестински ученици и студенти во Газа и 100 палестински студенти на окупираниот Западен Брег, објави Министерството за образование на Палестина.

Во Појасот Газа, каде што израелската армија продолжува со нападите од 7 октомври, убиени се најмалку 8.572 ученици, а 14.089 се ранети, се наведува во вестите на палестинската новинска агенција ВАФА, цитирајќи податоци од Министерството.

Забележано е дека 100 палестински студенти се убиени, 494 се повредени и 349 заробени на окупираниот Западен Брег.

Во Појасот Газа и Западниот Брег загинаа 497 наставници и членови на раководството на образовните институции, 3.402 се ранети, а 109 се приведени.

Во Појасот Газа бомбардирани се 353 државни училишта, универзитети и универзитетски згради и 65 училишта што ѝ припаѓаат на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), од кои 93 се целосно уништени, а на 139 е предизвикана значителна штета.

Исто така, наведено е дека 57 училишта на Западниот Брег биле претресени и уништени, а 133 државни училишта во Појасот Газа се користеле како центри за сместување.

Повеќе од 620.000 ученици во Појасот Газа се лишени од образование од почетокот на израелските напади на 7 октомври, а повеќето ученици што живеат во тешки услови страдаат од трауми и психички проблеми.

Според последните податоци на Министерството за здравство на Газа, од 7 октомври во израелските напади врз Појасот Газа се убиени 37.900 Палестинци, од кои најмалку 15.694 деца и 10.279 жени, а 86.060 Палестинци се ранети.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев