| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Официјални податоци: Израел уби 1,8 отсто од населението на Газа
Околу 24 отсто од палестинските жртви во Газа се млади луѓе
Официјални податоци: Израел уби 1,8 отсто од населението на Газа
Официјални податоци: Израел уби 1,8 отсто од населението на Газа / Photo: AA Archive / AA Archive

Израел уби околу 1,8 отсто од населението на Газа од 7 октомври минатата година во разорната војна во енклавата, покажуваат бројките објавени денес од палестинското Централно биро за статистика.

Центарот соопшти дека повеќе од 39.000 луѓе се убиени во израелските напади во Газа од 7 октомври 2023 година.

„Ова сочинува околу 1,8 отсто од вкупното население на територијата“, се додава.

Според Центарот, околу 24 отсто од палестинските жртви во Газа биле млади луѓе.

Според здравствените власти, израелската армија вчера уби над 100 цивили и повреди десетици кога воен авион ги нападна Палестинците кои извршуваа утринска молитва во училиштето Ал-Табаин во населбата Ал-Дараџ, во градот Газа.

Повеќе од 10 месеци по почетокот на израелските напади, огромни делови од Газа се во урнатини, каде е наметната и блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој му нареди веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев
Калифорниската адвокатска комора го истражува адвокатскиот статус на поранешната портпаролка
„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во светот живее на подрачје на судири
МВР со предупредување до родителите: Заштитете ги децата од онлајн групата „764“