| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Турското разузнавање разби глобална мрежа за кибершпионажа
МИТ објави дека е откриено дека мрежата за кибершпионажа, која имала меѓународни врски, споделувала украдени лични податоци со различни субјекти, меѓу кои и терористички организации
Турското разузнавање разби глобална мрежа за кибершпионажа
Единаесет осомничени се притворени, а голем број веб-страници поврзани со мрежата се затворени / Photo: AA / AA

Турската национална разузнавачка служба (МИТ) успешно разби глобална мрежа за кибершпионажа што украла лични податоци од илјадници лица низ светот, вклучително и во Туркије.

Во координирани активности со Генералната команда на турската жандармерија и Националниот центар за одговор на киберинциденти (USOM), МИТ ја спроведе операцијата како дел од истрагата предводена од Канцеларијата на главниот јавен обвинител на Анкара, истакнаа безбедносни извори.

Во акцијата се уапсени 11 осомничени.

- Податоците споделени со терористички организации -

МИТ објави оти е откриено дека мрежата за кибершпионажа, која имала меѓународни врски, споделувала украдени лични податоци со различни субјекти, меѓу кои и терористички организации.

Долгорочното следење на МИТ откри дека мрежата обезбедувала клучни информации за поддршка на терористичките операции.

Затворени веб-страници

Единаесет осомничени се притворени, а голем број веб-страници поврзани со мрежата се затворени.

Истрагата, која останува доверлива, е во тек. Одземените податоци се на темелно испитување.

МИТ планира да продолжи со проширување на операциите за кибершпионажа со цел да ги заштити чувствителните лични податоци и ќе ги испита и меѓународните врски.

МИТ ја истакна својата посветеност на преземање одлучни и превентивни мерки против активностите што ја загрозуваат националната безбедност на Туркије.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев