| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Убер казнет со  290 милиони евра за личните податоци на европските возачи
„Убер не ги исполни барањата на Општата регулатива за заштита на податоците за да обезбеди ниво на заштита во однос на нивниот трансфер во САД. Тоа е многу сериозно“, рече Алеид Волфсен претседателот на ДПА
Убер казнет со  290 милиони евра за личните податоци на европските возачи
Истрагата е започната по жалбите на повеќе од 170 француски таксисти / Фото: Reuters / Reuters

Холандското тело за заштита на податоците му изрече казна од 290 милиони евра на Убер за пренос на лични податоци на возачите назад во седиштето САД.

„Убер не ги исполни барањата на Општата регулатива за заштита на податоците за да обезбеди ниво на заштита во однос на нивниот трансфер во САД. Тоа е многу сериозно“, рече Алеид Волфсен претседателот на ДПА.

Податоците, собрани и задржани на американските сервиси, вклучуваат детали за сметката и лиценци за такси, податоци за локација, фотографии, детали за плаќање, документи за идентификација, а во некои случаи дури и криминални и медицински податоци на возачите, откри регулаторот.

Во период од повеќе од 2 години, Убер ги испраќал тие податоци до своето седиште во САД, без да користи соодветни алатки.

Истрагата е започната по жалбите на повеќе од 170 француски таксисти.

Ова е трета казна што холандската ДПА и ја изрече на Убер по казната од 600.000 евра во 2018 година и казната од 10 милиони евра во 2023 година.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев