| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Која земја во регионот има највисока просечна плата?
Во земјите од регионот највисока просечна плата има Хрватска, а најниска има Косово. Ова го покажуваат официјалните статистички податоци на заводите за статистика на земјите од соседството и регионот.
Која земја во регионот има највисока просечна плата?
Која земја во регионот има највисока просечна плата? / Photo: TRT Balkan / TRT Balkan

Во земјите од регионот највисока просечна плата има Хрватска, а најниска има Косово. Ова го покажуваат официјалните статистички податоци на заводите за статистика на земјите од соседството и регионот.

Просечната месечна ислатена нето плата по вработен во месец август во Хрватска, единствената земја членка на ЕУ од земјите од регинот, изнесуваше 1.324 еврa, што е за 11,8% повеќе во споредна со минатата година во истиот период.

Просечната плата во мај 2024 година во Црна Гора изнесуваше 832 евра, што е за 4,9 % повеќе во споредба со истиот период во 2023 година.

Во Србија просечната плата изнесува 96.649 српски динари (824 евра), објави Републичкиот завод за статистика. Просечната плата е поголема за 14,6 отсто компарација со истиот период во 2023 година.

Официјалните статистички податоци покажуваат дека просечната бруто плата во Албанија во вториот квартал од 2024 година изнесува 75.114 лека или 763 евра, што е зголемување од 5,9 отсто, споредено со истиот квартал лани. Албанскиот завод за статистичка не објави податок за просечната нето плата. Сепак, достапните статистички податоци покажуваат дека просечната нето плата во Албанија изнесува 608 евра.

Просечната месечна исплатена нето плата во Босна и Херцеговина во текот на август месец оваа година изнесува 1.392 конвертибилни марки или 708 евра, што е реално намалување аз 0,8% во однос на јули месец истата година.

Податоците од македонскиот Државен Завод за статистика покажуваат дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесува 41 097 денари (668 евра).

Ова значи дека просечната нето плата е за 12.9 отсто поголема во споредба со истиот месец лани.

Во земјите од регионот Косово има најниска просечна плата и таа според податоците на Агенцијата за статистика изнесува 570 евра.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев