| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Прекинат кабел за податоци меѓу Финска и Германија под Балтичкото Море
Финскиот државен провајдер на услуги за податоци Циниа соопшти дека денеска е откриен „дефект“ на кабелот Ц-Лион1, кој поминува под морето на речиси 1.200 километри од финската престолнина Хелсинки до германскиот пристанишен град Росток
Прекинат кабел за податоци меѓу Финска и Германија под Балтичкото Море
Финските медиуми забележаа дека трасата на кабелот минува во близина на двата гасоводи „Северен тек“ меѓу Русија и Германија, од кои на едниот Украинци извршија диверзија и го прекинаа / Photo: Reuters / Reuters
18 ноември 2024

Кабелот за пренос на податоци меѓу Финска и Германија под Балтичкото Море е прекинат и се истражува причината за прекинот, соопштија денеска финските власти.

Финскиот државен провајдер на услуги за податоци Циниа (Cinia) соопшти дека денеска е откриен „дефект“ на кабелот Ц-Лион1, кој поминува под морето на речиси 1.200 километри од финската престолнина Хелсинки до германскиот пристанишен град Росток.

Циниа, објави дека меѓународните конекции за податоци на Финска, како и телекомуникациските врски, се обезбедуваат преку неколку правци, а ефектите од дефект на еден кабел ќе зависат од нивото на безбедност на врските на давателот на услугата.

Ц-Лион1, пуштен во работа во 2016 година, е единствениот фински кабел за податоци што се протега од нордиската земја директно до централна Европа, според финскиот јавен радиодифузер ИЛЕ.

Финските медиуми забележаа дека трасата на кабелот до Германија минува во близина на двата гасоводи „Северен тек“ меѓу Русија и Германија кои во моментов не функционираат.

Самули Бергстром, шеф за комуникации во Финскиот национален центар за сајбер безбедност, го потврди прекинот на кабелот, што влијаеше на меѓународните врски на земјата.

„Сепак, добро е да се има предвид дека конекциите за податоци надвор од Финска доаѓаат од неколку различни места. Сега една од овие врски е прекината, што може да ги оптоварува другите, но ефектите веројатно не се видливи за просечниот граѓанин“, изјави Бергстром.

Финската служба за безбедност и разузнавање соопшти дека е премногу рано да се процени причината за кинењето на кабелот, односно дали станува збор за саботажа.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири