| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Израел приведе уште 15 Палестинци на Западниот Брег
Со новите приведувања е зголемен бројот на Палестинците кои израелската Армија ги приведе на Западниот Брег од октомври минатата година на над 12.100, вклучувајќи ги и оние кои беа ослободени откако беа уапсени, според палестинските податоци
Израел приведе уште 15 Палестинци на Западниот Брег
Бројката не ги вклучува приведените од Појасот Газа чиј број се проценува на илјадници / Photo: AA / AA

Според групите за прашања на затворениците , израелската армија денеска привела најмалку 15 Палестинци во воените напади на окупираниот Западен Брег.

Жена и дете се меѓу приведените во рациите насочени кон Источен Ерусалим, Ерихон, Хеброн, Тулкарм, Калкилија и Рамалах, се вели во заедничката изјава на Комисијата за прашања на затворениците и Здружението на палестински затвореници.

Со новите приведувања е зголемен бројот на Палестинците кои израелската Армија ги приведе на Западниот Брег од октомври минатата година на над 12.100, вклучувајќи ги и оние кои беа ослободени откако беа уапсени, според палестинските податоци.

Бројката не ги вклучува приведените од Појасот Газа чиј број се проценува на илјадници.

Во текот на изминатите неколку години, израелската Армија спроведуваше редовни рации на Западниот Брег, кои ескалираа со почетокот на војната во Газа на 7 октомври 2023 година.

Палестинците, исто така, беа насилно нападнати од илегалните израелски доселеници.

Најмалку 815 Палестинци оттогаш се убиени, а речиси 6.500 други се повредени од огнот на израелската Армија на окупираната територија, според Министерството за здравство.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев