| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Финска задржа руски брод под сомнение за саботажа на кабли во Балтичко Море
Финската полиција и граничната служба вчера се качија на бродот „Игл С“ и ја презедоа контролата врз него додека се истражува дали тој го оштетил електричниот кабел за пренос на струја во Балтичкото Море, како и неколку кабли за пренос на податоци
Финска задржа руски брод под сомнение за саботажа на кабли во Балтичко Море
Се верува дека „Игл С“ е дел од таканаречената „руска флота од сенка“, составена од стари танкери кои се користат за избегнување на санкциите за продажба на руската нафта / Photo: Filnand Coast Guard

Финските власти задржаа брод поврзан со Русија, кој моментално се наоѓа во фински територијални води, додека се истражува дали тој го оштетил електричниот кабел за пренос на струја во Балтичкото Море, како и неколку подморски кабли за пренос на податоци, соопшти денеска финската полиција.

Финската полиција и граничната служба вчера се качија на бродот „Игл С“ и ја презедоа контролата врз него, изјави на прес-конференција началникот на полицијата во Хелсинки, Јари Лиуку.

Членови на крајбрежната стража се качија на бродот, регистриран на Куковите Острови, додека тој се наоѓал во Балтичкото Море, и потоа го пренасочиле во финските води.

Финските власти на платформата Икс објавија фотографија на која се гледа брод на крајбрежната стража и рускиот танкер, додека финската царинска служба соопшти дека го запленила товарот на бродот.

Се верува дека „Игл С“ е дел од таканаречената „руска флота од сенка“, составена од стари танкери кои се користат за избегнување на санкциите за продажба на руската нафта.

Истрагата е насочена кон сомнежот дека сидрото на бродот го оштетило кабелот.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас го нарече инцидентот „уште еден во низата сомнителни напади на критичната инфраструктура“ и ги пофали финските власти за „нивната брза акција“ во истрагата на сомнителниот брод.

Електричниот кабел „Естлинк-2“, кој ја пренесува струјата од Финска до Естонија преку Балтичкото Море, беше оштетен во средата.

Поправката на 170 километри долгиот подморски интерконектор „Естлинк-2“ ќе трае со месеци, а оштетувањето на овој кабел би можел да предизвика потешкотии во снабдувањето со струја во текот на зимата, соопшти финскиот национален оператор за пренос на електрична енергија „Фингрид“.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев