| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Најмалку десетмина убиени во Цетиње, убиецот во бегство
Осомничениот Ацо Мартиновиќ најпрвин убил 4 лица во кафуле, по што се упатил кон другиот крај на градот каде во куќа убил 2 деца и ја ранил сопругата на сопственикот на кафулето, уште едно лице е убиено на трета локација
Најмалку десетмина убиени во Цетиње, убиецот во бегство
Најмалку седуммина убиени во Цетиње, убиецот во бегство / Others

Црногорската полиција трага по Ацо Мартиновиќ (45), осомничен дека убил најмалку десет лица вечерва во Цетиње, јавуваат тамошните медиуми.

Според последните информации, масовниот убиец наводно бил лоциран во комплексот на поранешната фабрика „Обод“ во главниот град на Црна Гора, Погорица.

Според официјалните информации, Мартиновиќ најпрвин убил четири лица во кафуле во близина на Спортскиот центар, по што се упатил кон другиот крај на градот, во населбата Хумчи, каде во куќа убил две деца и ја ранил сопругата на сопственикот на угостителскиот објект. Уште едно лице е убиено на трета локација.

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Сарановиќ соопшти дека во трагедијата на Цетиње загинале сопственикот на ресторанот „Велестово“ и некои членови на неговото семејство.

Шарановиќ рече и дека меѓу жртвите има и членови на семејството на Аце Мартиновиќ, осомничен за извршување на убиствата.

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ изјави дека уште четири лица се во животна опасност и дека лекарите од Клиничкиот центар на Црна Гора се борат за нивниот живот.

Како што дознава порталот РТЦГ, Мартиновиќ бил во конфликт со Д.К. со кого се сретнал во „Велестово“. Потоа отишол дома да земе пиштол, се вратил во кафулето и убил и ранил неколку лица. После тоа се упатил кон Хумчи, каде ги убил децата и сопругата на сопственикот на кафеаната.

Медиумите објавија дека Мартиновиќ пред две години бил уапсен поради поседување оружје и закани, но не се знае каква казна му е изречена.

Владата на Црна Гора од утре прогласи тридневна жалост.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите