| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
11 Палестинци загинаа во израелски напад во „безбедна хуманитарна зона“
Воздушниот напад бил извршен во областа Ал-Маваси во градот Кан Јунис, изјави медицински извор, додавајќи дека меѓу загинатите има три жени и четири деца
11 Палестинци загинаа во израелски напад во „безбедна хуманитарна зона“
Областа Ал-Маваси е означена од Израел како „безбедна хуманитарна зона“  / Фото: AA / AA

Најмалку 11 Палестинци, меѓу кои и жени и деца, загинаа во израелски воздушен напад врз шатори на раселените луѓе во јужниот дел на Појасот Газа во четвртокот рано рано.

Воздушниот напад бил извршен во областа Ал-Маваси во градот Кан Јунис, изјави медицински извор, додавајќи дека меѓу загинатите има три жени и четири деца.

Областа Ал-Маваси е означена од Израел како „безбедна хуманитарна зона“. Меѓутоа, израелските воени авиони и беспилотни летала ја погодија областа многупати, вршејќи масакри и убивајќи стотици луѓе.

Во централниот дел на Појасот Газа, хеликоптери на израелската армија отворија оган кон западните области на градот Деир ал Балах, додека израелските чамци отворија оган кон северните и западните области на бегалскиот камп Нусејрат, според очевидци.

Израелската артилерија, исто така, продолжи да ги напаѓа населбите Зејтун и Ал-Сабра во јужниот дел на градот Газа.

Очевидци за Анадолу изјавија дека израелската армија продолжила да ги крева куќите и зградите во областа Ал-Сафтави во северниот дел на градот Газа и во областа Џабалија во северниот дел на Појасот Газа.

И покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се повикува на итен прекин на огнот, израелската армија ја продолжи геноцидната војна врз Газа во која загинаа над 45.550 жртви, главно жени и деца, од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Во ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна против енклавата.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија
15 повредени во пожар во болница во Берлин
Ревизија на зелените карти во САД: Какви промени има за работодавците и странските работници?
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Американскиот пратеник ги поздрави разговорите на Сирија со „Шеврон“ за енергетска соработка
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев
„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во светот живее на подрачје на судири
ГТА 6 продаде 24,5 милиони копии и оствари приход од 2,36 милијарди долари
Лидерите на АПЕК повикуваат на посилна поврзаност, помалку трговски бариери на самитот во Кина
Циклонот Акван стигна до индискиот брег
Маск се чувствува прилично глупо што потрошил над 400 милиони долари за кампањи на републиканците
Хутите го погодија највисокиот облакодер во Ријад
Бриселските засолништа се борат да сместат семејства поради кризата со домувањето
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО