| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Воен ветеран ја возел Теслата која екплодирала пред хотелот во Лас Вегас
Медиумите го идентификуваа осомничениот Метју Ливелсбергер како воен ветеран, припадник на „Зелените беретки“, кој загина во возилото кое експлодира пред хотелот Трамп Интернационал, при што беа повредени седуммина минувачи
Воен ветеран ја возел Теслата која екплодирала пред хотелот во Лас Вегас
Американските власти ја истражуваат потенцијалната поврзаност помеѓу експлозијата на сајбертракот и нападот со пикап во Њу Орлеанс / Photo: Reuters / Reuters

Возачот на сајбертрак Тесла, кој експлодираше пред хотелот Трамп Интернационал во Лас Вегас доцна во средата, е идентификуван како 37-годишниот Метју Ливелсбергер од Колорадо Спрингс.

Во експлозијата загина возачот, а седум случајни минувачи се повредени.

Федералното биро за истраги (ФБИ) во моментов врши претреси на локации за кои се знае дека престојувал Ливелсбергер.

Медиумите го идентификуваа осомничениот како воен ветеран, припадник на специјалната единица „Зелени беретки“ и кој работел на мали системи за беспилотни авиони, иако неговиот идентитет останува непотврден од официјални лица.

Според непроверениот профил на ЛинкедИн, кој во меѓувреме е избришан, осомничениот служел 19 години во американската армија, вклучувајќи ги и улогите како специјалист за комуникации на специјалните сили и специјалист за разузнавање.

Профилот покажува дека дипломирал на Универзитетот Норвич, приватен воен колеџ во Вермонт.

Американските власти ја истражуваат потенцијалната поврзаност помеѓу експлозијата на сајбертракот во Лас Вегас и нападот со пикап во Њу Орлеанс, во кој загинаа најмалку 15 лица.

Нападот во Њу Орлеанс го изврши 42-годишниот американски воен ветеран Шамсуд Дин Џабар, од Тексас. Осомничениот убиец со изнајмен пикап влетал во луѓето кои ја славеле Новата година во познатиот „Француски кварт“ во Њу Орлеанс, при што загинаа најмалку 15 лица, а 35 се повредени.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, исто така предложи можна поврзаност помеѓу двата инциденти, при што двете возила наводно се изнајмени преку иста апликација.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите