| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Населението во Газа е намалено за шест отсто од почетокот на војната
Околу 45.500 Палестинци, од кои повеќе од половината се жени и деца, се убиени од почетокот на војната, но уште 11.000 се водат како исчезнати, соопшти ПЦБС, повикувајќи се на податоци од палестинското Министерство за здравство
Населението во Газа е намалено за шест отсто од почетокот на војната
Населението на Газа за време на војната се намали за околу 160.000 на 2,1 милиони / Photo: AA / AA

Населението на Газа е намалено за шест проценти од почетокот на војната со Израел пред речиси 15 месеци, бидејќи околу 100.000 Палестинци ја напуштија енклавата, додека повеќе од 55.000 се претпоставува дека ги загубиле животите, покажуваат податоците на Палестинското Централно биро за статистика (ПЦБС).

Околу 45.500 Палестинци, од кои повеќе од половината се жени и деца, се убиени од почетокот на војната, но уште 11.000 се водат како исчезнати, соопшти ПЦБС, повикувајќи се на податоци од палестинското Министерство за здравство.

Населението на Газа за време на војната се намали за околу 160.000 на 2,1 милиони, соопшти ПЦБС, пренесува Ројтерс.

„Израел беснее со брутална агресија против Газа која ги таргетира сите видови на живот таму - луѓе, згради и витална инфраструктура... цели семејства се избришани од граѓанскиот регистар. Има катастрофални човечки и материјални загуби“, се вели во соопштението на ПЦБС.

Меѓународниот суд на правдата, највисокото правно тело на Обединетите нации, минатиот јануари пресуди дека Израел мора да спречи акти на геноцид врз Палестинците, додека папата Франциск предложи светската заедница да проучи дали израелската операција во Газа претставува геноцид.

Израел постојано ги отфрла обвинувањата за геноцид, тврдејќи дека го почитува меѓународното право и има право да се брани по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, кога загинаа 1.200 Израелци.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев