| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Најмалку 37 Палестинци загинаа во денешните израелски напади низ Газа
Најмалку 26 Палестинци беа убиени, вклучувајќи шест во седиштето на Министерството за внатрешни работи во Кан Јунис на југот од енклавата, а останатите во бегалскиот камп Џабалија на северот од Газа, во кампот Шати и кампот Магази во централна Газа
Најмалку 37 Палестинци загинаа во денешните израелски напади низ Газа
Најмалку 11 Палестинци, меѓу кои повеќето жени и деца, загинаа во израелски напад врз шатори на раселените во областа Ал-Маваси, која според Израел е „безбедна хуманитарна зона“ / Photo: AA / AA

Најмалку 37 Палестинци загинаа денеска во израелски напади низ Појасот Газа, соопштија палестинските медицински претставници.

Официјални лица изјавија дека најмалку 11 жени и деца се убиени денеска во камп во областа Ал-Маваси западно од Кан Јунис, каде што се сместени раселени семејства.

Во други израелски воздушни напади денеска, најмалку 26 Палестинци беа убиени, вклучувајќи шест во седиштето на Министерството за внатрешни работи во Кан Јунис на југот од енклавата, а останатите во бегалскиот камп Џабалија на северот од Појасот Газа, во кампот Шати и кампот Магази во централна Газа.

Началникот на полицијата во Газа и неговиот заменик се меѓу убиените во Кан Јунис, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Убиството на двајцата полициски службеници е „еклатантно непочитување на меѓународното право“ со таргетирање на полициските сили „и покрај нивната улога како тело за цивилна заштита“.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Муцунски-Касис: Швајцарија понуди помош од ОБСЕ околу спорот со Бугарија
Ердоган: Тероризмот на окупаторите врз Палестинците  е сè подрзок поради рамнодушноста на светот
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел
Трамп предвидува голем договор за Украина што би можел да ја вклучи цела Европа
Тексас ќе ги ограничи дата центрите, голем пад на берзите за ВИ
Зеленски: Воена помош од Шпанија за Украина во вредност од 437 милиони евра
УНХЦР: 90 милиони раселени лица се соочуваат со сериозни климатски ризици
Фидан: Алијансата од Мека е отворена за земјите од регионот со заедничка визија за мир
Израел објави тендери за изградба на 91 станбена единица во населби во окупираниот Западен Брег