| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Скопје денеска меѓу топ 10 најзагадени градови во светот
Воздухот во Скопје се оценува како нездрав и се препорачува да се избегнува физичка активност на отворено, да се носи заштитна маска на отворено и да не се проветрува во домот.
Скопје денеска меѓу топ 10 најзагадени градови во светот
Воздухот во Скопје се оценува како нездрав и се препорачува да се избегнува физичка активност на отворено, да се носи заштитна маска на отворено и да не се проветрува во домот./ Photo: TRT Balkan / TRT Balkan

Главниот град Скопје денеска е меѓу десетте најзагадените градови во светот со висок индекс на загадување од 176 според последните податоци на платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-Кју-Ер“.

Скопје моментално се наоѓа на деветто место, а како најголем загадувач се посочуваат ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 91 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честитичките се со концентрација од 94,7 микограми на кубен метар. Концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е 18 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација.

Воздухот во Скопје се оценува како нездрав и се препорачува да се избегнува физичка активност на отворено, да се носи заштитна маска на отворено и да не се проветрува во домот.

Најзагадено е во Центар – 201, потоа Кисела Вода – 189, Ново Лисиче -186 и Карпош 4 – 183.

Најзагаден град во светот во моментов е Лахоре во Пакистан. По него на списокот е главниот град на БиХ Сараево, а на третото место е Делхи, Индија.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туркије доби пофалби за глобалното лидерство во борбата против фрлањето храна
Иран останува на својот предлог како основа за обновување на безбедноста во Ормускиот Tеснец
Ердоган: Братските односи меѓу Туркије и Азербејџан се нераскинливи, никој не може да ги поткопа
Претседателот на КОП31, Мурат Курум, повика климатските ветувања да се преточат во реалност
Фон дер Лајен: Мора да се обнови и зачува слободата на пловидба во Црното Море
Рубио: Дипломатски договор со Иран можеби нема да биде можен
Зеленски: ЕУ ќе употреби итен механизам за да испорача помош за Украина
Трамп очекува од Нетанјаху да го спроведе планот за Газа откако завршија изборите
Директорот на Нвидиа соочен со истрага поради љубовна афера со наводна кинеска шпионка
Јапонија испраќа воена помош за Филипините во Источнокинеското Море
Во Аргентина уапсен маж поради закани кон папата Лав XIV пред неговото пристигнување
Напаѓачот од Полска им подлегна на раните по престрелката со полицијата
Трамп размислува да остане неутрален во изборот на негов наследник меѓу републиканците во 2028
Трагедија на Крит: 12 мигранти пронајдени мртви, повеќе од 100 спасени
Кина ја продолжува суспензијата на дополнителните царини за увоз од САД за 2 месеци