| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Нов мигрантски бран од Мексико кон САД
Мексиканските медиуми објавија дека околу 1.500 мигранти ја напуштиле Тапачула, најголемиот град на јужната граница на земјата, и се обидуваат да влезат во САД пред пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп
Нов мигрантски бран од Мексико кон САД
Сликите на социјалните мрежи покажуваат дека меѓу мигрантите има државјани од различни земји / Photo: AA / AA

Група од 1.500 мигранти се обидува од Мексико да влезе во Соединетите Американски Држави пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Мексиканските медиуми објавија дека околу 1.500 мигранти ја напуштиле Тапачула, најголемиот град на јужната граница на земјата, и се обидуваат да стигнат до границата со САД.

Директорот на Центарот за човечко достоинство (ЦДХ) Луис Реј Гарсија Вилагран побара од мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум да не ги спречува мигрантите да ја преминат границата.

Во изјава за шпанската новинска агенција ЕФЕ, Вилагран рече: „Ние веруваме дека најголемиот проблем се политичките разлики меѓу Шејнбаум и претседателот Трамп“.

Венецуелецот Цезар Едуардо Милано, еден од мигрантите, изјавил дека миграцискиот центар не им помогнал и дека не сака повеќе да разговара со нив.

Сликите на социјалните мрежи покажуваат дека меѓу мигрантите има државјани од различни земји.

Многу мигранти кои доаѓаат од земјите од Централна Америка се обидуваат да стигнат до САД преку Гватемала и Мексико.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите