| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Берлин:Двајца полицајци повредени во експлозија пред зградата на полицијата
Околу 20.20 часот дошло до сериозен безбедносен инцидент во околината на нашата полициска секција 12, во кој при рутинска безбедносна патрола биле повредени колеги, а еден од нив се здобил со тешки телесни повреди, соопшти полицијата
Берлин:Двајца полицајци повредени во експлозија пред зградата на полицијата
Полицијата покрена истрага за да утврди што точно експлодирало и дали се работи за намерен напад / Photo: Polizei Berlin

Двајца полицајци се повредени по силната експлозија што се случи во четвртокот вечерта пред зградата на полицијата во северниот дел на Берлин, соопшти денеска берлинската полиција.

„Околу 20 часот и 20 минути дошло до сериозен безбедносен инцидент во околината на нашата полициска секција 12 во Витенау, во кој при рутинска безбедносна патрола биле повредени колеги, а еден од нив се здобил со тешки телесни повреди“, се вели во соопштението на полиција на платформата Икс.

Според прелиминарната истрага, експлодирал непознат предмет, при што еден полицаец се здобил со тешки повреди на лицето и окото, додека друг полицаец се здобил со траума.

И двајцата во моментов се на лекување, се вели во соопштението.

Полицијата покрена истрага за да утврди што точно експлодирало и дали се работи за намерен напад.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот
Израел прогласи палестинско село за „затворена воена зона“ и ја протера европската делегација
Потопен уште еден товарен брод во Црното Море кај Бугарија
САД ги заоструваат ограничувањата за далечински пристап до напредни ВИ чипови
Украина го изврши најголемиот напад со дронови врз Русија од почетокот на војната
Ердоган ја оцени КOП31, чиј домаќин е Туркије, како најуспешна конференција за климата во историјата
Туркије со план за почист транспорт до 2030 година
САД и Русија се спротивставуваат на разговорите за ограничување на автономното оружје
Лидерите на Квад ќе го одржат првиот самит од 2024 година во Манила утре
Кремљ ја обвини Естонија за градење „ѕид“ по одлуката да ги затвори сите гранични премини со Русија
Меѓународна осуда за апсењето на новинар на АФП од Израел во Западниот Брег
Вадефул: Нема да преговараме со Русија за нова европска безбедносна рамка
ЕУ одобри рекордна исплата од 8,8 милијарди долари за Украина
Мицкоски од Брисел: Проширувањето на ЕУ е геостратешки императив, посветени сме на реформите