| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Мицкоски: Нека Божиќ ни даде сила да создаваме големи дела за сите граѓани
„Нека Божиќ биде потсетник дека со вера, труд и меѓусебно разбирање можеме да создаваме општество исполнето со мир, правда и напредок“, се вели во божиќната порака на премиерот Мицкоски.
Мицкоски: Нека Божиќ ни даде сила да создаваме големи дела за сите граѓани
„Нека Божиќ биде потсетник дека со вера, труд и меѓусебно разбирање можеме да создаваме општество исполнето со мир, правда и напредок“, се вели во божиќната порака на премиерот Мицкоски. / Others

Премиерот на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски упати божиќна честитка во која посака граѓаните да го поминат овој празник во духовен мир, со радост во срцата, во кругот на семејството и најблиските.

„Раѓањето на Спасителот на светот е симбол на љубовта, милосрдието и жртвата за доброто на човештвото. Овој свет ден нè потсетува на вистинските вредности – вербата, надежта и љубовта, кои треба да нè водат во секојдневниот живот. Божиќ нè повикува и да бидеме солидарни, да си помагаме еден на друг и да ја споделуваме радоста со сите околу нас“, истакна Мицкоски во пораката.

Тој нагласи дека во време кога предизвиците се бројни, оваа празнична атмосфера нè поттикнува на размислување за заедништвото и единството, како најсилен темел за изградба на подобра иднина. „Нека Божиќ биде потсетник дека со вера, труд и меѓусебно разбирање можеме да создаваме општество исполнето со мир, правда и напредок“, се вели во божиќната порака на премиерот.

„Нека Божиќ ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани, негувајќи ја традицијата и духовноста како темели на нашето општество. Посакувам да го поминеме овој празник во духовен мир, со радост во срцата, во кругот на семејството и најблиските. Нека Божјата милост нé води низ животот, носејќи благосостојба, здравје и успех во секој наш чекор“, порача Мицкоски.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Кремљ: Руската делегација не одржа разговори со европските претставници во Абу Даби
Украина извести за „огромен напредок“ во мировните преговори со Русија
Ердоган повика на климатски акции од развиените нации истакнувајќи го израелскиот екоцид во Газа
Иран нема да дозволи збогатениот ураниум да биде изнесен од земјата
Гутереш ги повика државите да усвојат нов „Договор за климатска правда“ на КОП31
Лавров по средбата со Вулин: Русија е посветена на гасните договори со Србија
Втора рунда преговори меѓу САД, Русија и Украина во Абу Даби
Сирискиот претседател Шара пристигна во Туркије на климатскиот самит
Ердоган и Гутереш засадија садници од маслинка на самитот КОП31
Двајца загинати во Русија по украински напад со дронови
Републиканците во Претставничкиот дом го блокираа предлогот за импичмент против шефот на Пентагон
Лутник бил предупреден за врската на директорот на Енвидија со шпионка од Кина
Арапската Заедничка листа: Нетанјаху е во хистерија, ќе работиме на негово отстранување од власта
Американскиот секретар за финансии се преселил во воена база по наводните закани за атентат од Иран
Почнува Самитот на светските лидери во рамки на КОП31 во Туркије, во фокусот електрификацијата