| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
126 луѓе загинаа во земјотресот во Тибет, а илјадници се раселени
Околу 14.000 припадници од тимовите за пребарување и спасување со помош од војниците на Народноослободителната армија, кои распоредија хеликоптери и беспилотни летала, исто така, продолжија со својата работа во потрага по преживеани
126 луѓе загинаа во земјотресот во Тибет, а илјадници се раселени
Најмалку 126 луѓе загинаа во земјотресот, додека 407 затрупани се спасени живи / Фото: AP / AP

Повеќе од 46.000 луѓе се раселени по силниот земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди градот Ксигазе во јужниот кинески регион Тибет, објавија денес државните медиуми, јавува Анадолу.

Земјотресот го погоди Ксигазе во автономниот регион Ксизанг, локалното име на Тибет, во 9:05 часот по локално време, на длабочина од 10 километри.

Најмалку 126 луѓе загинаа во земјотресот, додека 407 затрупани се спасени живи.

Околу 14.000 припадници од тимовите за пребарување и спасување со помош од војниците на Народноослободителната армија, кои распоредија хеликоптери и беспилотни летала, исто така, продолжија со својата работа во потрага по преживеани.

Властите поставија 187 локации за преселување со 3.705 шатори, обезбедувајќи засолништа за 46.525 лица, објави дневниот весник „Глобал тајмс“.

Најмалку 3.609 куќи се срушени, соопшти градската управа на Ксигазе.

Епицентарот на земјотресот бил во населеното место Цого во округот Дингри, кое има 27 села и околу 6.900 луѓе во радиус од 20 километри од епицентарот.

ИЗВОР:AA
Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите