| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Најмалку 13 лица загинаа во рускиот ракетен напад врз Запорожје
Претседателот на Украина Володимир Зеленски на својот официјален профил на социјалната мрежа Х објави видео од нападот и изрази сочувство до семејствата и пријателите на загинатите и додаде, дека за жал, можно е бројот на загинатите да се зголеми
Најмалку 13 лица загинаа во рускиот ракетен напад врз Запорожје
Киев Индипендент пишува дека во нападот биле оштетени станбени згради, трамвај, автобус и друга инфраструктура / Photo: AFP / AFP

Најмалку 13 лица загинаа, а повеќе од 20 лица се повредени во руски напад врз индустриски објект во украинскиот град Запорожје, јавува украинската новинска агенција Укринформ.

Киев Индипендент пишува дека најмалку 29 се повредени и дека итната помош е на терен.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски на својот официјален профил на социјалната мрежа Х објави видео од нападот.

„Изразувам сочувство до семејствата и пријателите на загинатите. За жал, можно е бројот на загинатите да се зголеми“, рече Зеленски.

Секретарот на градскиот совет на градот Запорожје, Регина Харченко, објави информација за повредените на комуникациската платформа Телеграм.

„Целосен хорор и уште една катастрофа во Запорожје“, додаде Харченко.

Според Иван Федоров, шеф на Воената управа во регионот Запорожје, четири лица се во критична состојба.

Киев Индипендент пишува дека во нападот биле оштетени станбени згради, трамвај, автобус и друга инфраструктура.

Укринформ пишува дека руските сили го нападнале градскиот округ Шевченковски во Запорожје.

Воздухопловните сили на Украина претходно соопштија дека постои можност Русија да ја нападне Украина со крстосувачки бомби.

Укринформ претходно објави дека руски војници нападнале 12 општини во областа Запорожје во изминатите 24 часа.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туск: Полска не прифаќа нов безбедносен договор без европска согласност
6 лица загинаа при уривање на осумкатна зграда во изградба во близина на главниот град на Кенија
Анвар: Нема индикации дека чипови од Малезија биле пренасочени кон Кина по фијаското со Енвидија
Шпанија одобри заштита на домувањето откако политичкиот застој предизвика предвремени избори
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница
Универзитетот во Торонто признава дискриминација против муслимани, Арапи и Палестинци
Иран тврди дека уништил американски радар за рано предупредување во Бахреин
Си ќе се обрати на самитот на АПЕК и ќе одржи билатерални состаноци во Шенжен следната недела
Групи за застапување ги тужат технолошките гиганти поради „катастрофални“ ризици од ВИ