| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Фидан: Туркије има капацитет да ги елиминира сите закани
Според турскиот министер за надворешни работи веќе е на повидок крајот на сепаратистичко-терористичката организација и нејзините ограноци во Сирија (ПКК/ЈПГ).
Фидан: Туркије има капацитет да ги елиминира сите закани
Фидан изјави дека Туркије презела важни чекори со цел да ја одржи стабилноста на Балканот и другите региони во светот / Photo: AA / AA

Туркије има капацитет, моќ и што е најважно одлучност да ги елиминира сите закани за нејзиното постоење, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

Според Фидан веќе е на повидок крајот на сепаратистичко-терористичката организација и нејзините ограноци во Сирија (ПКК/ЈПГ).

„Го повторивме неколку пати. Не е можно да живееме со ваква закана (ПКК/ЈПГ). Потребните чекори или ќе ги преземе некој друг или ние ќе го направиме тоа“, рече Фидан.

Зборувајќи за коментарите на Франција за време на посетата на американскиот државен секретар на Париз, Фидан рече дека Туркије не ги зема предвид земјите кои се обидуваат да ги остварат сопствените интереси во Сирија користејќи ја американската моќ.

Во врска со геноцидната војна на палестинските територии, Фидан рече дека оставањето на Палестинците без земја и држава е нешто што е „апсолутно неприфатливо“.

Фидан изјави дека Туркије презела важни чекори со цел да ја одржи стабилноста на Балканот и другите региони во светот.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите