| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Неутрализирани шест терористи на ПКК/ЈПГ во северен Ирак и Сирија
„Решени сме да го уништиме тероризмот од неговиот извор“, соопшти Министерството.
Неутрализирани шест терористи на ПКК/ЈПГ во северен Ирак и Сирија
Неутрализирани шест терористи на ПКК/ЈПГ во северен Ирак и Сирија / Photo: AA / AA

Турските безбедносни сили неутрализираа шест терористи на ПКК/ЈПГ во северен Ирак и северна Сирија, соопшти денеска Министерството за национална одбрана на Туркије.

„Тројца терористи на ПКК беа цел во зоната на операцијата 'Канџа-катанец' во северен Ирак“, соопшти Министерството на социјалната мрежа Х, ветувајќи дека Турските вооружени сили „ќе продолжат да преземаат превентивни и деструктивни мерки против терористичките организации“.

Се додава дека уште тројца терористи биле цел во зоната на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија.

„Решени сме да го уништиме тероризмот од неговиот извор“, соопшти Министерството.

Терористите на ПКК често се кријат во северен Ирак за да планираат прекугранични напади во Туркије.

Туркије во 2022 година ја започна операцијата „Канџа-катанец“ против засолништата на терористичката организација во северниот дел на Ирак, во регионите Метина, Зап и Авашин-Басјан.

Во северна Сирија, Анкара започна три успешни антитерористички операции од 2016 година за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца, жени и постари лица. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

ИЗВОР:AA
Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите