| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Израел негира дека го добил „конечниот нацрт“ на договорот со Хамас
Медиумите објавија рано во понеделникот дека Катар го доставил конечниот нацрт на договорот и на Израел и на Хамас, но весникот „Хаарец“, повикувајќи се на израелски извор, ги демантираше овие наводи, а од Катар нема коментар за извештајот
Израел негира дека го добил „конечниот нацрт“ на договорот со Хамас
Израелскиот весник „Једиот Ахронот“, повикувајќи се на неименувани извори, во саботата објави дека „90 отсто од деталите за потенцијалниот договор за размена на затвореници се договорени“ / Photo: AA / AA

Израел во понеделникот ги демантираше медиумските извештаи дека добил „конечна нацрт“ на договорот за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници со Хамас.

Медиумите објавија рано во понеделникот дека Катар го доставил конечниот нацрт на договорот и на Израел и на Хамас.

Весникот „Хаарец“, повикувајќи се на израелски извор, ги демантираше овие наводи.

Од Катар нема коментар за извештајот.

Извор запознаен со преговорите изјави за весникот дека и Израел и Хамас се „многу блиску до договор“, без да наведе дополнителни детали.

Во петокот, израелските медиуми објавија дека Катар испратил „позитивна порака“ до Израел во врска со подготвеноста на Хамас да продолжи со преговорите за договор за затворениците.

Израелскиот весник „Једиот Ахронот“, повикувајќи се на неименувани извори, во саботата објави дека „90 отсто од деталите за потенцијалниот договор за размена на затвореници се договорени“.

Преговорите за размена на затвореници и прекин на огнот, со посредство на Катар, Египет и САД, беа неколкупати прекинувани поради новите услови наметнати од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелската опозиција и семејствата на затворениците го обвинуваат Нетанјаху за попречување на напорите за постигнување прекин на огнот во Газа и договор за размена на затвореници со Хамас.

Израелската војска ја продолжи геноцидната војна во Газа, во која од 7 октомври 2023 година беа убиени речиси 46.600 Палестинци, главно жени и деца, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење во ноември за Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во енклавата.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЦЕНТКОМ негира дека Иран уништил радари на САД во Бахреин
КOП31 го враќа постепеното укинување на фосилните горива во центарот на разговорите за климата
Во Охрид отворена Четвртата годишна конференција на Форумот на балканските уставни судови
Туск: Полска не прифаќа нов безбедносен договор без европска согласност
6 лица загинаа при уривање на осумкатна зграда во изградба во близина на главниот град на Кенија
Анвар: Нема индикации дека чипови од Малезија биле пренасочени кон Кина по фијаското со Енвидија
Шпанија одобри заштита на домувањето откако политичкиот застој предизвика предвремени избори
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Поранешниот директор на Нвидиа повикан да сведочи пред Сенатот поради безбедносни прашања
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница