| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Москва: Украина се обиде да ја нападне компресорската станица Турски тек
Со цел да го запре снабдувањето со гас за европските земји, режимот на Киев се обиде со дронови да ја нападне компресорската станица во Краснодарск, која обезбедува снабдување со гас до гасоводот Турски тек, соопшти руското министерство за одбрана
Москва: Украина се обиде да ја нападне компресорската станица Турски тек
„Турски тек“ е извозен гасовод составен од две линии - едната наменета за испорака на гас од Русија преку Црното Море до Туркије, а другата наменета за извоз на гас во земјите од јужна и југоисточна Европа / Photo: AA / AA

Руската војска денеска соопшти дека украинските вооружени сили со беспилотни летала во саботата се обиделе да ја нападнат компресорската станица „Турски ток“ во Краснодарската територија.

Сите девет украински беспилотни летала наводно се соборени, а нема жртви или материјална штета, соопшти руското министерство за одбрана.

„На 11 јануари 2025 година, со цел да го запре снабдувањето со гас за европските земји, режимот на Киев се обиде да нападне со девет беспилотни летала врз инфраструктурата на компресорската станица Рускаја во населбата Гај-Коџор (Краснодарска територија), која обезбедува снабдување со гас до гасоводот Турски тек, се вели во соопштението.

При одбивањето на нападот на единиците за противвоздушна одбрана беа соборени сите беспилотни летала, соопштиминистерството.

„Нема повредени меѓу персоналот за одржување на компресорската станица и нема штета, а поради падот на фрагменти од беспилотно летало, мала штета претрпе зградата и опремата на мерната станица за гас“, се вели во соопштението.

Министерството додаде дека компресорската станица „Рускаја“ испорачува гас до гасоводот Турски тек како и обично и дека нема оперативни дефекти.

„Тимовите за одговор при итни случаи на ПЈС Газпром навремено ги елиминираа последиците од паѓањето на отпадот и ја обновија опремата“, се вели во соопштението.

Турски тек е извозен гасовод составен од две линии - едната наменета за испорака на гас од Русија преку Црното Море до Туркије, а другата наменета за извоз на гас во земјите од јужна и југоисточна Европа.

Гасоводот беше пуштен во употреба во јануари 2020 година.

По саботажата на Северен тек, тој останува единствената рута за непречена испорака на руско гориво на европскиот пазар.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија
15 повредени во пожар во болница во Берлин
Ревизија на зелените карти во САД: Какви промени има за работодавците и странските работници?
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Американскиот пратеник ги поздрави разговорите на Сирија со „Шеврон“ за енергетска соработка
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев
„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во светот живее на подрачје на судири
ГТА 6 продаде 24,5 милиони копии и оствари приход од 2,36 милијарди долари
Лидерите на АПЕК повикуваат на посилна поврзаност, помалку трговски бариери на самитот во Кина
Циклонот Акван стигна до индискиот брег
Маск се чувствува прилично глупо што потрошил над 400 милиони долари за кампањи на републиканците
Хутите го погодија највисокиот облакодер во Ријад
Бриселските засолништа се борат да сместат семејства поради кризата со домувањето
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО