| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Русија и Иран потпишуваат договор за стратешко партнерство
Владимир Путин и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ќе разговараат за можностите за натамошно проширување на врските меѓу Москва и Техеран, вклучувајќи трговија и инвестиции, транспорт и логистика и хуманитарни прашања, соопшти Кремљ
Русија и Иран потпишуваат договор за стратешко партнерство
Двајцата лидери ќе разговараат во Русија на 17 јануари / Photo: Reuters / Reuters

Рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ќе разговараат во Русија на 17 јануари, по што ќе го потпишат долгоочекуваниот договор за сеопфатно стратешко партнерство, објави во понеделникот Кремљ.

Двајцата лидери ќе разговараат за можностите за натамошно проширување на врските меѓу Москва и Техеран, вклучувајќи трговија и инвестиции, транспорт и логистика и хуманитарни прашања, соопшти Кремљ.

Путин и Пезешкијан ќе разговараат и за регионални и меѓународни прашања, се додава.

Од почетокот на војната во Украина, Русија негува поблиски врски со Иран и други земји непријателски настроени кон САД, како што е Северна Кореја.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во октомври изјави дека Москва и Техеран имаат намера да потпишат сојуз за стратешко партнерство што ќе вклучи поблиска одбранбена соработка.

Соединетите Држави го обвинија Техеран во септември дека ѝ доставува балистички ракети со краток дострел на Русија за употреба против Украина и воведоа санкции за бродови и компании за кои рече дека се вклучени во снабдувањето со иранско оружје.

Техеран негира дека ја снабдува Москва со проектили.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите