| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Кси Џинпинг: Нема конфликт на фундаментални интереси меѓу Кина и ЕУ
Кина останува посветена на висококвалитетен развој и отворање на високо ниво, тоа ќе донесе нови можности за соработката меѓу Кина и ЕУ, рече Кси во телефонскиот разговор со претседателот на Eвропскиот совет, Антонио Коста
Кси Џинпинг: Нема конфликт на фундаментални интереси меѓу Кина и ЕУ
Тој истакна дека Кина и ЕУ треба да ја прошират отвореноста една кон друга, да ги зајакнат постоечките механизми за соработка и да создадат нови точки за раст / Photo: Reuters / Reuters

Не постои конфликт на фундаментални интереси или геополитички конфликти меѓу Кина и Европската унија, што ги прави партнери кои можат да придонесат за заеднички напредок, изјави денеска кинескиот претседател Кси Џинпинг за време на телефонскиот разговор со претседателот на Eвропскиот совет, Антонио Коста.

„Кина и ЕУ немаат фундаментални конфликти на интереси или геополитички противречности, тие се партнери кои заедно постигнуваат успех“, додаде тој, пренесе Ксинхуа.

Истакнувајќи дека Кина останува посветена на висококвалитетен развој и отворање на високо ниво, Кси рече дека тоа ќе донесе нови можности за соработката меѓу Кина и ЕУ.

Тој истакна дека Кина и ЕУ треба да ја прошират отвореноста една кон друга, да ги зајакнат постоечките механизми за соработка и да создадат нови точки за раст.

Коста, пак, истакна дека ЕУ е подготвена да работи со Кина за решавање на економските и трговските разлики преку дијалог и консултации.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
„Чичко пронаоѓач“ со оштетен вид произведува електрични возила од отпадни материјали
Црна Гора затвори уште две поглавја од пристапните преговори со ЕУ
Калини: Нема Палестина без Газа, нема мир без крај на израелската окупација
Европското обвинителство отвори истрага за измама поврзана со брзата железничка линија во Шпанија
68 милиони тони урнатини претставуваат еколошка и хуманитарна катастрофа во Газа
Пашинјан: Ерменија и Туркије ќе воспостават дипломатски односи во блиска иднина
Муцунски-Касис: Швајцарија понуди помош од ОБСЕ околу спорот со Бугарија
Ердоган: Тероризмот на окупаторите врз Палестинците  е сè подрзок поради рамнодушноста на светот
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел