| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Лансиран првиот сателит на турската компанија „Фергани“, ФГН-100-д1
Сателитот на компанијата, чиј висок раководител е Селчук Бајрактар, претседател на управата на производителот на дронови „Бајкар“, е лансиран со ракетата „Фалкон 9“ од американската компанија СпејсИкс
Лансиран првиот сателит на турската компанија „Фергани“, ФГН-100-д1
Лансиран првиот сателит на турската компанија „Фергани“, ФГН-100-д1 / Photo: AA / AA

Првиот сателит на турската компанија „Фергани Спејс“, ФГН-100-д1 (FGN-100-d1), е лансиран вечерва од американската вселенска база „Вандерберг“.

Сателитот на компанијата, чиј висок раководител е Селчук Бајрактар, претседател на управата на производителот на дронови „Бајкар“, е лансиран со ракетата „Фалкон 9“ од американската компанија СпејсИкс.

Мисијата Транспортер-12, лансирана од базата „Ванденберг“ во Соединетите Американски Држави (САД), превезува 131 парче товар, меѓу кои микросателити и орбитални возила, како и првиот сателит на „Фергани Спејс“, ФГН-100-д1, како и сателити на План-Ес (Plan-S), една од турските компании за вселенска технологија.

Снимката од успешната мисија Транспортер-12 е емитувана во живо на профилот на СпејсИкс на платформата X.

Пробното стартување на вселенскиот мотор на сателитот Фергани беше успешно завршено во мај минатата година.

Селчук Бајрактар ​​изјави дека ја основале Фергани за да изградат глобален систем за позиционирање составен од серија сателити.

„Фергани Спејс“ има за цел да се претстави пред светот со производство на одржливи и исплатливи решенија за вселенски транспорт и сателитски услуги во ниската орбита со иновативните и оригинални технологии кои ги развива.

ИЗВОР:AA
Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите