| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Израел подготвува комплексна операција за да ги прими заложниците
Операцијата ќе вклучува координација помеѓу израелската војска, Шин Бет (внатрешната безбедносна служба на Израел), полицијата, Министерството за здравство, Црвениот крст и Египет
Израел подготвува комплексна операција за да ги прими заложниците
Според палестински извори, договорот е „речиси подготвен“ / Фото: AFP / AFP

Израелските безбедносни служби се подготвуваат за „комплексна операција“ за ослободување на заложниците од Газа, додека преговорите за договор помеѓу Израел и Хамас се во завршна фаза, пренесува „Канал 12“, јавува Анадолу.

Операцијата ќе вклучува координација помеѓу израелската војска, Шин Бет (внатрешната безбедносна служба на Израел), полицијата, Министерството за здравство, Црвениот крст и Египет.

Плановите за операцијата се прават додека во Доха продолжуваат разговорите за финализирање на договорот за размена на затвореници и примирје.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџед ал-Ансари, потврди дека преговорите се во фаза на „финални детали“ и дека договорот наскоро ќе биде финализиран.

Според палестински извори, договорот е „речиси подготвен“ и може да биде потпишан пред петок.

Операцијата за ослободување ќе опфати специфични детали за бројот на затвореници, нивниот идентитет и здравствената состојба.

Еден од главните предизвици е осигурување на безбедноста на ослободените затвореници за време на нивниот транспорт во рамките на Газа.

Претходните искуства, како размената на затвореници во ноември 2023 година, покажаа дека јавните собири претставуваат ризик за безбедноста на затворениците.

Црвениот крст ќе биде одговорен за транспортот на заложниците, со појдовни точки од различни делови на Газа, додека израелските сили и Шин Бет ќе го организираат нивното пристигнување на границата.

Медицински тим ќе биде присутен за да обезбеди итна помош доколку е потребно.

Откако ќе пристигнат, затворениците ќе бидат транспортирани до болници во Израел, каде што ќе ги чекаат социјални работници и медицински персонал. Долгooчекуваните средби со нивните семејства ќе се случат дури потоа.

Израелската јавна радиодифузија „КАН“ објави дека ослободените заложници ќе бидат пренесени преку Граничниот премин Рафа во Египет, а потоа доведени во Израел.

Предложениот договор вклучува три фази, секоја со траење од 42 дена, кои опфаќаат размена на израелските заложници и палестинските затвореници, чекори за имплементација на примирје, дневна хуманитарна помош за Газа и враќање на раселените лица во нивните домови, вклучително и на северот на Газа.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Анвар: Нема индикации дека чипови од Малезија биле пренасочени кон Кина по фијаското со Енвидија
Шпанија одобри заштита на домувањето откако политичкиот застој предизвика предвремени избори
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница
Универзитетот во Торонто признава дискриминација против муслимани, Арапи и Палестинци
Иран тврди дека уништил американски радар за рано предупредување во Бахреин
Си ќе се обрати на самитот на АПЕК и ќе одржи билатерални состаноци во Шенжен следната недела
Студентската листа во Србија објавува план за БиХ, ги осудува израелските акции во Газа
Алиев и Пашинјан во Даблин разговараа за мировниот процес меѓу Азербејџан и Ерменија
Европските лидери повикуваат на обединет глас во мировните преговори за Украина