| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Израелската армија приведе уште 12 Палестинци во рациите на Западниот Брег
Според палестинските податоци, со новите приведувања бројот на Палестинци кои израелската армија ги приведе на Западниот Брег од октомври 2023 година е зголемен на над 14.300
Израелската армија приведе уште 12 Палестинци во рациите на Западниот Брег
Во јули 2024 година Меѓународниот суд на правдата ја прогласи повеќедецениската окупација на Палестина од страна на Израел за нелегална / Photo: AA / AA

Израелската армија приведе уште најмалку 12 Палестинци во новите воени рации врз окупираниот Западен Брег, според групите за прашања на затворениците.

Меѓу приведените во рациите во Витлеем, Наблус, Тулкарем, Калкилија и Рамала има поранешни затвореници, се вели во заедничката изјава на Комисијата за прашања на затворениците и Здружението на палестински затвореници.

„Приведувањата се случија за време на масовна агресија започната од (израелската) окупација на нашиот народ како одмазда, што спаѓа во кривичното дело колективно казнување“, се вели во соопштението.

Според палестинските податоци, со новите приведувања бројот на Палестинци кои израелската армија ги приведе на Западниот Брег од октомври 2023 година е зголемен на над 14.300.

Во оваа бројка не се опфатени приведените од Појасот Газа чиј број се проценува на илјадници.

Во текот на изминатите неколку години израелската армија спроведуваше редовни рации на Западниот Брег, а тие ескалираа со почетокот на војната во Газа на 7 октомври 2023 година. Палестинците, исто така, насилно се напаѓани од илегалните еврејски доселеници.

Според Министерството за здравство, оттогаш се убиени најмалку 854 Палестинци, а над 6.700 се повредени во оган на израелската армија на окупираната територија.

Во јули 2024 година Меѓународниот суд на правдата ја прогласи повеќедецениската окупација на Палестина од страна на Израел за нелегална и побара евакуација на сите постојни населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев