| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Фидан: Време е сите верски и етнички групи во Сирија да се прегрнат
На прес-конференцијата со Асад Ал Шаибани, министерот за надворешни работи на новата сириска администрација, Фидан изјави дека Туркије понудила оперативна поддршка за Сирија во однос на терористичката организација ДАЕШ
Фидан: Време е сите верски и етнички групи во Сирија да се прегрнат
Турскиот мимистер за надворешни работи најави дека Генералниот конзулат на Туркије во Алепо ќе започне со работа на 20 јануари / Photo: AA / AA

Време е сите верски, етнички и деноминациски групи во Сирија да се прегрнат една со друга, порача денес турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

На прес-конференцијата со Асад Ал Шаибани, министерот за надворешни работи на новата сириска администрација, Фидан изјави дека Туркије понудила оперативна поддршка за Сирија во однос на терористичката организација ДАЕШ.

Тој најави дека Генералниот конзулат на Туркије во Алепо ќе започне со работа на 20 јануари.

Од своја страна, сирискиот министер Ал Шаибани истакна дека Сирија и Туркије испишаа нова историја.

Истакнувајќи ја важноста на територијалното единство на Сирија, тој рече дека тие сакаат сите територии под централната власт да бидат обединети под ист покрив.

Новата сириска администрација смета дека не треба има закана за Туркије од сириска територија, додаде Ал Шаибани.

Башар ал-Асад, лидерот на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на режимот на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Израел фрла експлозив спакуван во кутии врз објекти во Газа
Палестина бара одговорност од Израел за прегазени осум лица
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“
Рама: Колку побрзо Србија го признае Косово, толку подобро ќе биде за сите во регионот
Новото тричлено претседателство на БиХ ја презеде функцијата
Турскиот министер за надворешни работи учествува на министерски состанок во Брисел
Папата Лав XIV од Латинска Америка упати пораки за вера и правда
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот
Израел прогласи палестинско село за „затворена воена зона“ и ја протера европската делегација
Потопен уште еден товарен брод во Црното Море кај Бугарија
САД ги заоструваат ограничувањата за далечински пристап до напредни ВИ чипови
Украина го изврши најголемиот напад со дронови врз Русија од почетокот на војната
Ердоган ја оцени КOП31, чиј домаќин е Туркије, како најуспешна конференција за климата во историјата
Туркије со план за почист транспорт до 2030 година