| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Отповиканиот Јун се брани со молчење во досегашната постапка на истрагата
Истражителите го испрашуваа повеќе од 10 часа во средата, но Јун, наводно, останал нем за обвинувањата за бунт и злоупотреба на службената положба поврзани со краткотрајното прогласување воена состојба
Отповиканиот Јун се брани со молчење во досегашната постапка на истрагата
Јун беше приведен во вториот обид на заедничкиот истражен тим предводен од антикорупциското тело во средата / Фото: AFP / AFP

Јужнокорејскиот отповикан претседател Јун Сук Јеол повторно ги игнорираше истражителите за време на испитувањето во врска со краткотрајната наредба за воена состојба од 3 декември, објавија локалните медиуми денес, јавува Анадолу.

Јун, кој од средата вечер се наоѓа во притворниот центар во Сеул, е во центар на истрагата на Канцеларијата за борба против корупција кај високи функционери, која „многу веројатно“ ќе поднесе барање за налог за негово официјално апсење пред Западниот окружен суд во Сеул, пренесе „Јонхап њуз“.

Јун беше приведен во вториот обид на заедничкиот истражен тим предводен од антикорупциското тело во средата.

Истражителите го испрашуваа повеќе од 10 часа во средата, но Јун, наводно, останал нем за обвинувањата за бунт и злоупотреба на службената положба поврзани со краткотрајното прогласување воена состојба.

Подоцна тој беше задржан во притворниот центар и оттогаш двапати одби да учествува на сослушувањето, наведувајќи здравствени причини.

Доколку судот не издаде нов налог до петок навечер, по истекот на 48 часа во притвор Јун ќе биде ослободен и ќе може да се врати дома.

Во четвртокот судот го одби неговото барање за ревизија на законитоста на притворот.

Полицијата во петокот го уапси и неговиот привремен шеф на обезбедување, Ким Сеонг-хун, кој е обвинет дека ги предводел активностите за спречување на апсењето на Јун.

Ким беше назначен за одговорен за претседателската безбедност по оставката на неговиот претходник, Парк Чонг-џун.

Парк беше во центарот на случувањата на 3 јануари, кога истражителите не успеаја да го уапсат Јун.

Набрзо Парк беше повикан на испитување за опструкција на државни службеници, по што поднесе оставка.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Муцунски-Касис: Швајцарија понуди помош од ОБСЕ околу спорот со Бугарија
Ердоган: Тероризмот на окупаторите врз Палестинците  е сè подрзок поради рамнодушноста на светот
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел
Трамп предвидува голем договор за Украина што би можел да ја вклучи цела Европа
Тексас ќе ги ограничи дата центрите, голем пад на берзите за ВИ
Зеленски: Воена помош од Шпанија за Украина во вредност од 437 милиони евра
УНХЦР: 90 милиони раселени лица се соочуваат со сериозни климатски ризици
Фидан: Алијансата од Мека е отворена за земјите од регионот со заедничка визија за мир
Израел објави тендери за изградба на 91 станбена единица во населби во окупираниот Западен Брег