| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Студентите и граѓаните го блокираа сообраќајот во градовите низ Србија
Во акциите „Застани Србијо“ кои речиси секојдневно се одржуваат низ земјата, студенти и граѓани 15 минути ги блокираат патиштата за да им оддадат почит на 15-те загинати во несреќата на Железничката станица во Нови Сад
Студентите и граѓаните го блокираа сообраќајот во градовите низ Србија
Акцијата „Застани Србијо, застани со студентите“ се одржа и на повеќе места во Белград / Фото: AFP / AFP

Српските граѓани во неколку градови денеска застанаа 15 минути за да им оддадат почит на загинатите во несреќата на Железничката станица во Нови Сад, јавува Анадолу.

Акцијата „Застани Србијо, застани со студентите“ се одржа и на повеќе места во Белград каде што беше блокиран сообраќајот, меѓу кои и кај Правниот факултет, Факултетот за организациски науки, Адвокатската комора на Србија и на Коларчевата улица.

Пред Правниот факултет на раскрсницата од улицата „Ресавска“ и Булевар „Краљ Александар“ се случи инцидент кога автомобил, и покрај блокадата, се обиде да помине и удри во друго возило.

По 15-минутниот молк, редарите ги повикаа граѓаните да се повлечат од сообраќајните ленти на тротоарот, за да може повторно да се одвива сообраќајот.

Блокирана е и Дечанската улица во Белград, а граѓаните се собраа пред зградата на Ректоратот на Универзитетот во Белград. На собирот имаше и полициски припадници во цивилна облека.

Во акциите „Застани Србијо“ кои речиси секојдневно се одржуваат низ земјата, студенти и граѓани 15 минути ги блокираат патиштата за да им оддадат почит на 15-те загинати во несреќата на Железничката станица во Нови Сад.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Фидан: Алијансата од Мека е отворена за земјите од регионот со заедничка визија за мир
Израел објави тендери за изградба на 91 станбена единица во населби во окупираниот Западен Брег
Претседателот на Парагвај поднесе оставка под растечки притисок по колапс на банка
Дипломатијата на Блискиот Исток се интензивира во обид да се намалат регионалните тензии
Туркије врати 2,6 милијарди долари на 420.000 инвеститори додека продолжува ликвидацијата на фондови
Опозицискиот лидер Ајзенкот блиску до 67 пратеници по поддршката од арапската Заедничка листа
НБ: Во 2025 и 2026 година нема поголеми трансфери на пари во и кон Србија и Русија преку АЛТА банка
Мицкоски задоволен од Извештајот на ЕК, Рокас порача да ги искористиме можностите
Ердоган: Туркије ќе продолжи со напорите за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина
Во Скопје започна 5. Меѓународен симпозиум за наставата по турски јазик и туркологија на Балканот
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен, законската регулатива е строга
Ерменскиот премиер планира да присуствува на климатскиот самит на ОН во Туркије
Џ.Д. Венс ја реогранизира американската десница и разочараните гласачи на Трамп
Обединетиот јудаизам на Тора одбива да го поддржи Нетанјаху за премиер
Медведев: Резултатите од изборите во САД нема непосредно да влијаат врз Русија