| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Израелскиот безбедносен кабинет го одобри договорот за примирјето во Газа
Премиерот Нетанјаху на состанокот на безбедносниот кабинет изјавил дека од новоизбраниот американски претседател Трамп и актуелниот Бајден добил гаранции од САД во случај преговорите за втората фаза од договорот за прекин на огнот да пропаднат
Израелскиот безбедносен кабинет го одобри договорот за примирјето во Газа
Договорот е доставен до Владата на конечно одобрување / Photo: AA / AA

Кабинетот за безбедност на Израел во петокот го одобри договорот за прекин на огнот и размена на затвореници со Хамас во Газa.

Во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер се наведува дека договорот е одобрен од Кабинетот за безбедност бидејќи, имајќи ги предвид политичките, безбедносните и хуманитарните аспекти, ги поддржува целите на војната и е доставен до Владата на конечно одобрување.

Се очекува израелската влада да се состане денеска за да разговара за прекин на огнот и договор за размена на затвореници со Хамас.

Од друга страна, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на состанокот на безбедносниот кабинет изјави дека добил гаранции од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џо Бајден.

Според весникот „Једиот Ахронот“, Нетанјаху на состанокот на безбедносниот кабинет нагласил дека обезбедил поддршка од САД во случај преговорите за втората фаза од договорот за прекин на огнот да пропаднат.

„Добив цврсти гаранции од двајцата претседатели, Бајден и Трамп, дека ако преговорите за втората фаза од договорот не успеат и Хамас не ги исполни нашите безбедносни барања, ќе продолжиме со интензивни напади врз Газа, со поддршка на Соединетите Држави“, рече Нетанјаху.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите