| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Министерот Бен-Гвир ќе ја напушти Владата ако се одобри договорот за Газа
Израелскиот министер за национална безбедност Бен-Гвир го критикуваше договорот, тврдејќи дека тој ќе ги ослаби одбранбените способности на Израел покрај границата со Египет и на други стратешки локации, поништувајќи ги успесите од војната
Министерот Бен-Гвир ќе ја напушти Владата ако се одобри договорот за Газа
Бен-Гвир нагласи дека неговата партија дека нема да ја урне оваа влада и ќе ја поддржува однадвор, но нема да биде партнер во поразителен договор / Photo: AA / AA

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, денеска го повтори своето противење на предложениот договор за размена на затвореници и прекин на огнот во Газа, истакнувајќи дека министрите од неговата партија ќе поднесат оставка од Владата доколку договорот биде одобрен.

„Доколку договорот биде одобрен, со тешко срце ќе ја напуштиме Владата“, изјави Бен-Гвир во соопштение.

„Го сакам премиерот Бенјамин Нетанјаху и ќе осигурам тој да остане на функцијата, но ќе заминам бидејќи потпишаниот договор е катастрофален“, додаде тој.

Бен-Гвир го критикуваше договорот, тврдејќи дека тој ќе ги „ослаби“ одбранбените способности на Израел покрај границата со Египет (коридорот Филаделфи) и на други стратешки локации, оценувајќи дека ќе ги „поништи успесите од војната“.

„Ако војната продолжи, ќе се вратиме во Владата“, изјави Бен-Гвир, нагласувајќи дека нема да ја урнат оваа влада и ќе ја поддржуваат однадвор, но нема да бидат партнери во поразителен договор.

Партијата на Бен-Гвир, Оцма Јехудит, располага со шест места во израелскиот Кнесет од 120 членови и три министерски позиции во проширената Влада.

Како единствен претставник на својата партија во Советот за национална безбедност, неговата оставка нема значително да влијае на изгледите за усвојување на договорот, имајќи предвид дека мнозинството во Советот и пошироката Влада го поддржуваат.

Катар во средата објави договор за прекин на огнот во три фази, со која ќе се стави крај на над 15-месечните смртоносни израелски напади врз Појасот Газа.

Прекинот на огнот е планиран да започне в недела.

Според локалните здравствени власти, од 7 октомври 2023 година, во војната на Израел против Газа загинаа речиси 46.800 Палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 110.000 се ранети.

Меѓународниот кривичен суд во ноември издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел исто така се соочува со тужба за геноцид во Меѓународниот суд на правдата за својата војна против оваа енклава.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите