| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Трамп вети дека ќе ги објави досиејата за атентатите врз Кенеди и Кинг
„Како прв чекор кон враќање на транспарентноста и одговорноста во Владата, ќе ја прекинеме прекумерната класификација на владините документи“, изјави Трамп пред своите поддржувачи во арената „Капитал Ван“ во Вашингтон
Трамп вети дека ќе ги објави досиејата за атентатите врз Кенеди и Кинг
Во наредните денови ќе ги објавиме преостанатите документи поврзани со атентатите / Фото: Reuters / Reuters

Идниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, синоќа вети дека ќе ги отвори за јавноста досиејата поврзани со атентатите на поранешниот претседател Џон Ф. Кенеди и активистот за граѓански права, д-р Мартин Лутер Кинг Џуниор, јавува Анадолу.

„Како прв чекор кон враќање на транспарентноста и одговорноста во Владата, ќе ја прекинеме прекумерната класификација на владините документи“, изјави Трамп пред своите поддржувачи во арената „Капитал Ван“ во Вашингтон.

„Во наредните денови ќе ги објавиме преостанатите документи поврзани со атентатите на претседателот Џон Ф. Кенеди, неговиот брат Роберт Кенеди, како и д-р Мартин Лутер Кинг Џуниор“, додаде тој.

Трамп претходно исто така повика на целосна декласификација на информациите поврзани со атентатот на Кенеди, што се случи во 1963 година.

Во неделното обраќање, тој ја повтори оваа заложба, истакнувајќи дека ќе го исполни ветувањето веднаш по преземањето на функцијата.

И Роберт Кенеди и Мартин Лутер Кинг Џуниор беа убиени во 1968 година.

Трамп формално ќе положи заклетва како претседател денес претпладне, а веднаш потоа се очекува да потпише голем број извршни наредби кои веќе се подготвени.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Израел го прекршил примирјето во Газа 6.405 пати и убил 1.690 Палестинци
Ен-Би-Си њуз: Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз високи ирански функционери
Путин: Одговорот на Русија на украинските напади врз рафинериите за нафта е неизбежен
Петмина загинати во пад на турски воен хеликоптер за време на лет за обука
На државите им е дозволено да враќаат мигранти инструментализирани од други земји, пресуди ЕСЧП
ОН: Околу 47.000 жени и девојки убиени од интимни партнери или членови на семејството во 2025 година
Гаши од Загреб: Бараме гаранции дека повеќе нема да ни биде блокиран патот кон ЕУ
Првата пловечка соларна електрана во Туркије ќе започне со производство на струја во 2027 година
Грчката опозиција бара одговори од Владата за наводна воена обука со озлогласена израелска бригада
Иран: Четврти танкер за нафта удрил во морска мина и се запалил во Ормускиот Теснец
Шпанија го продолжува родителското отсуство и отсуството поради жалост пред изборите
Гаши на средба со Милановиќ: Хрватска е наш стратешки партнер и значаен сојузник во НАТО
Во Белгија отворен најголемиот капацитет за производство на сателити во Европа
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари