| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Палестинците кои се враќаат во Газа соочени со масовно уништени домови
Илјадници раселени Палестинци, носејќи со себе само основни предмети, пребаруваат низ урнатините за да ги пронајдат своите работи во разрушените домови и згради
Палестинците кои се враќаат во Газа соочени со масовно уништени домови
Примирјето меѓу Хамас и Израел се очекува да ја прекине геноцидната војна на Израел во Газа / Фото: Reuters / Reuters

Меѓу урнатините и остатоците од разрушените згради, Палестинците во Џабалија се враќаат во своите домови по прогласувањето на примирјето и договорот за размена на заложници и затвореници меѓу Хамас и Израел, јавува Анадолу.

Палестинците кои се враќаат во бегалскиот камп Џабалија и во Бејт Лахија во северниот дел на Појасот Газа наидоа на масовни разурнувања.

Илјадници раселени Палестинци, носејќи со себе само основни предмети, пребаруваат низ урнатините за да ги пронајдат своите работи во разрушените домови и згради.

И покрај огромното разурнување, забележливи се и насмеани деца кои си играат низ урнатините.

Договорот за прекин на огнот и размена на затвореници стапи на сила вчера, по неколку часови доцнење.

Примирјето меѓу Хамас и Израел се очекува да ја прекине геноцидната војна на Израел во Газа, која трае од 7 октомври 2023 година и досега однесе најмалку 47.000 палестински животи, главно жени и деца, а над 110.700 лица се повредени.

ИЗВОР:AA
Повеќе
„Чичко пронаоѓач“ со оштетен вид произведува електрични возила од отпадни материјали
Црна Гора затвори уште две поглавја од пристапните преговори со ЕУ
Калини: Нема Палестина без Газа, нема мир без крај на израелската окупација
Европското обвинителство отвори истрага за измама поврзана со брзата железничка линија во Шпанија
68 милиони тони урнатини претставуваат еколошка и хуманитарна катастрофа во Газа
Пашинјан: Ерменија и Туркије ќе воспостават дипломатски односи во блиска иднина
Муцунски-Касис: Швајцарија понуди помош од ОБСЕ околу спорот со Бугарија
Ердоган: Тероризмот на окупаторите врз Палестинците  е сè подрзок поради рамнодушноста на светот
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел