| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Апокалиптични сцени од Алепо по 14 години граѓанска војна во Сирија
Репортерскиот тим на АА сними населби кои страдаа во првите месеци од граѓанската војна што започна во март 2011 година, откако режимските сили се обидоа насилно да ги потиснат масовните антивладини протести во Сирија
Апокалиптични сцени од Алепо по 14 години граѓанска војна во Сирија
Снимките покажуваат целосно уништени населби на вториот по големина град во Сирија и познат како трговски главен град на земјата / Photo: AA / AA

Жителите на Алепо се обидуваат да го започнат животот одново меѓу урнатините на градот уништен за време на граѓанската војна и бомбардирањето од неодамна соборениот режим на Башар ал Асад.

Репортерскиот тим на АА сними населби кои страдаа во првите месеци од граѓанската војна што започна во март 2011 година, откако режимските сили се обидоа насилно да ги потиснат масовните антивладини протести во Сирија.

Алепо е вториот по големина град во Сирија и бил познат како трговски главен град на земјата.

Во раните години од војната, Алепо беше под контрола на опозицијата и цел на жестоки напади на режимот на Асад, кој ја презеде контролата над него во 2016 година.

Населбите Харитен, Меир, Лирамун, Керметерраб и Хајдарије беа целосно опустошени.

Снимките од дрон покажуваат апокалиптични сцени од овие населби.

„Некои од нашите соседи се враќаат. Тие се обидуваат да ги санираат штетите на нивните домови. Многумина сè уште не можат да се вратат бидејќи нивните куќи се целосно уништени“, рече Мухамед Касим, жител на Хајдарија.

Предизвиците пред овие луѓе се уште се големи.

„Се уште се соочуваме со големи проблеми, од инфраструктура до економија. „Да даде Господ, Сирија еден ден ќе ги врати единството и слободата под едно знаме“, рече оптимистот Касим.

Ахмед Хасан од Керметерраб за новинарот на АА изјави дека во бомбардирањето ја загубил сопругата и сега живее во оштетена куќа, која делумно ја поправил заедно со соседите.

Сирија беше под власт на режимот на партијата Баас и семејството Асад од 1963 година. Антирежимските сили ја презедоа контролата врз Дамаск и другите поголеми градови на 8 декември, по што Башар ал Асад побегна во Русија и таму доби азил.

Новоформираната сириска администрација работи на транзиција и најава за создавање на нов устав и зачувување на територијалниот интегритет на земјата.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Властите во Рас Ал Хаима повторно отворија седум плажи по излевањето нафта
Најмалку двајца загинати при уривање на станбена зграда во Бруклин
Ердоган разговараше со Пазешкијан и повика на итен крај на војната Иран-САД
Туркије на КOП31 потпиша договори за финансирање на развојот во вредност од 5,1 милијарди долари
Кралот Чарлс ги повика учесниците на КОП31 да ги преточат климатските обврски во конкретни акции
Најмалку шестмина Палестинци убиени во изралески напад врз болница во Газа
„Акинџи“ тестира муниција за продир во бункери под електронска блокада
Мицкоски: Ваква глобална енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
Кабинетот за безбедност на Израел ќе се состане поради можен нов напад врз Иран
Пезешкијан од КОП31: Американско-израелската војна против Иран ослободила 1,5 милиони тони ЦO2
Маск вели дека би било „чест“ да го вработи извршниот директор на Нвидиа, Џенсен Хуанг
Емине Ердоган: Глобалната алијанса Нула отпад да ги претвори локалните решенија во светска акција
Бернам од КОП31: Чистата енергија е единствениот пат до енергетска безбедност
Туркије регистрираше 102 производи со географска ознака во првите 10 месеци од 2026 година
Курум од КОП31 предупредува: Ниту една земја не може сама да се соочи со климатската криза