| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Во Туркије утре ден на жалост поради пожарот во Карталкаја
Нашите знамиња ќе бидат на половина копје во земјата и во нашите странски мисии до зајдисонце во среда, 22 јануари 2025 година“, рече Ердоган по состанокот на владата во Анкара
Во Туркије утре ден на жалост поради пожарот во Карталкаја
Говорејќи за прекинот на огнот, Ердоган рече дека „нашите браќа и сестри во Газа платија висока цена, но тие не потклекнаа и не се предадоа на политиката на масакр“ / Photo: AA / AA

Туркије го прогласи утрешниот ден- 22 јануари за ден на национална жалост, по пожарот што избувна во хотел во ски-центарот Карталкаја во провинцијата Болу во северна Туркије, во кој животот го загубија најмалку 66 лица, изјави во вторник претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Од 51 повредено лице, едно е во критична состојба и моментално е згрижено на одделението за интензивна нега.

„Нашите знамиња ќе бидат на половина копје во земјата и во нашите странски мисии до зајдисонце во среда, 22 јануари 2025 година“, рече Ердоган по состанокот на владата во Анкара.

Зборувајќи за Сирија, Ердоган го повика арапскиот и исламскиот свет „пред другите“ да го поддржат закрепнувањето на Сирија и западните земји да ги укинат санкциите наметнати на оваа земја разурната од војна.

Говорејќи за прекинот на огнот во Газа, Ердоган рече дека сликите од размената на затвореници покажуваат кој го цени човечкото достоинство, а кој го игнорира, додека го критикуваше Израел.

„Нашите браќа и сестри во Газа платија висока цена, но тие не потклекнаа на насилството и не се предадоа на политиката на масакр“, додаде Ердоган.

„Туркије ќе ги забрза своите напори да го отвори патот за траен мир во регионот, користејќи го прекинот на огнот во Газа како можност“, заклучи Ердоган.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
ЦЕНТКОМ негира дека Иран уништил радари на САД во Бахреин
КOП31 го враќа постепеното укинување на фосилните горива во центарот на разговорите за климата
Во Охрид отворена Четвртата годишна конференција на Форумот на балканските уставни судови
Туск: Полска не прифаќа нов безбедносен договор без европска согласност
6 лица загинаа при уривање на осумкатна зграда во изградба во близина на главниот град на Кенија
Анвар: Нема индикации дека чипови од Малезија биле пренасочени кон Кина по фијаското со Енвидија
Шпанија одобри заштита на домувањето откако политичкиот застој предизвика предвремени избори
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Поранешниот директор на Нвидиа повикан да сведочи пред Сенатот поради безбедносни прашања
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница