| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Фидан: Примирјето од клучно значење за опстанокот на 2 милиони Палестинци
Фидан денес во Анкара одржа заедничка прес-конференција со шведската колешка Марија Малмер Стенергард, на која, покрај останатите теми, се осврна и на долгоочекуваниот прекин на огнот во Газа, кој започна во неделата
Фидан: Примирјето од клучно значење за опстанокот на 2 милиони Палестинци
Шведска е важен партнер, се договоривме за зајакнување на нашата соработка, рече фидан / Photo: AA / AA

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, ја истакна важноста на продолжувањето на прекинот на огнот во Газа за продолжување на регионалната стабилност.

Фидан денес во Анкара одржа заедничка прес-конференција со шведската колешка Марија Малмер Стенергард, на која, покрај останатите теми, се осврна и на долгоочекуваниот прекин на огнот во Газа, кој започна во неделата.

„Продолжувањето на прекинот на огнот во Газа е важно. Тоа е клучно и за опстанокот на 2 милиони Палестинци кои се држат како заложници таму и за продолжување на регионалната стабилност“, рече тој.

„Шведска е важен партнер, сојузник за нас, се договоривме за зајакнување на нашата соработка. Разменивме мислења за антитероризмот, принципиелните политики. Разговаравме за чекорите на Шведска против терористичката група ПКК/ЈПГ и дополнителните мерки“, рече Фидан.

Шведската министерка Стенергард на прес-конференцијата од своја страна порача дека Шведска нема да ги поддржи терористичките организации ЈПГ, ПЈД или ФЕТО на „никаков начин“.

„Го изразивме нашиот став дека на никаков начин нема да ги поддржуваме организациите кои Туркије ги ословува како ЈПГ, ПЈД и ФЕТО“, изјави Стенергард.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Муцунски-Касис: Швајцарија понуди помош од ОБСЕ околу спорот со Бугарија
Ердоган: Тероризмот на окупаторите врз Палестинците  е сè подрзок поради рамнодушноста на светот
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел
Трамп предвидува голем договор за Украина што би можел да ја вклучи цела Европа
Тексас ќе ги ограничи дата центрите, голем пад на берзите за ВИ
Зеленски: Воена помош од Шпанија за Украина во вредност од 437 милиони евра
УНХЦР: 90 милиони раселени лица се соочуваат со сериозни климатски ризици
Фидан: Алијансата од Мека е отворена за земјите од регионот со заедничка визија за мир
Израел објави тендери за изградба на 91 станбена единица во населби во окупираниот Западен Брег