| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Гутереш го повика Иран да се откаже од развојот на нуклеарно оружје
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, зборувајќи на Светскиот економски форум во Давос за ситуацијата на Блискиот Исток, рече дека се надева дека Иран ќе се ангажира конструктивно со другите земји во регионот
Гутереш го повика Иран да се откаже од развојот на нуклеарно оружје
Гутереш, исто така, ја повика меѓународната заедница да ги ублажи санкциите кон Сирија / Photo: Reuters / Reuters

Иран мора да го направи првиот чекор кон подобрување на односите со земјите во регионот и со САД, ставајќи јасно до знаење дека нема за цел да развие нуклеарно оружје, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток на Светскиот економски форум во Давос, тој рече дека се надева дека Иран ќе се ангажира конструктивно со другите земји во регионот.

Во врска со Појасот Газа, Гутереш рече дека се надева оти конфликтните страни ќе разберат дека ќе имаат корист од траен прекин на огнот што може да го отвори патот за преговори за решение со две држави.

Гутереш, исто така, ја повика меѓународната заедница да ги ублажи санкциите кон Сирија.

Претходно, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска изјави дека Иран моментално има околу 200 килограми ураниум збогатен до 60 отсто чистота.

Гроси им рече на новинарите на економскиот форум во Давос дека ова е блиску до 90 отсто чистота што е потребна за производство на нуклеарно оружје.

Според стандардите на МААЕ, оваа количина на ураниум би била доволна за да се направат пет нуклеарни бомби.

Гроси, исто така, нагласи дека неодамнешното забрзување на процесот на збогатување ураниум до ниво од 60 отсто му овозможи на Иран да ја зголеми стапката на производство седум пати во споредба со претходниот период.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев