| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Нов шумски пожар се шири во Лос Анџелес, изгорени над 9.000 хектари
Веќе се издадени наредби за евакуација во овој регион, поради што десетици илјади луѓе мора да ги напуштат своите домови...
Нов шумски пожар се шири во Лос Анџелес, изгорени над 9.000 хектари
Нов шумски пожар се шири во Лос Анџелес, изгорени над 9.000 хектари / Photo: AA / AA

Нов шумски пожар вчера се прошири низ северниот дел на Округот Лос Анџелес, Соедддинетите Американски Држави (САД), зафаќајќи над 9.000 хектари за само неколку часа откако беше пријавен.

Пожарот Хјуз, кој брзо се шири, гори северно од малата заедница Кастејк, која се наоѓа северозападно од Лос Анџелес. Веќе се издадени наредби за евакуација во овој регион, поради што десетици илјади луѓе мора да ги напуштат своите домови, а соседните заедници се предупредени дека може да бидат принудени на евакуација.

Се проценува дека пожарот зафатил 50 хектари кога првпат е пријавен вчера во 10:53 часот по локално време, но брзо се прошири, зафаќајќи над 9.200 хектари до 20:27 часот синоќа, според податоците на „CalFire“, државна агенција за пожари во Калифорнија.

Пожарникарите се борат со огнената стихија што се прошири и во соседниот Округ Вентура.

Ова е најновиот пожар што го зафати поширокото подрачје на Лос Анџелес откако серија пожари почнаа да се шират низ вториот по големина град во САД на 7 јануари.

Првиот пожар, Палисејдс, го опустоши богатото крајбрежно место Пацифик Палисејдс, а пожарот Итон уништи големи делови од градот Алтадена.

Во пожарот Палисејдс загинаа вкупно 11 лица, а 17 лица го загубија животот во пожарот Итон.

Пожарите предизвикаа масовно разурнување, поради што илјадници жители мораа да бараат нови домови.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Туркије доби пофалби за глобалното лидерство во борбата против фрлањето храна
Иран останува на својот предлог како основа за обновување на безбедноста во Ормускиот Tеснец
Ердоган: Братските односи меѓу Туркије и Азербејџан се нераскинливи, никој не може да ги поткопа
Претседателот на КОП31, Мурат Курум, повика климатските ветувања да се преточат во реалност
Фон дер Лајен: Мора да се обнови и зачува слободата на пловидба во Црното Море
Рубио: Дипломатски договор со Иран можеби нема да биде можен
Зеленски: ЕУ ќе употреби итен механизам за да испорача помош за Украина
Трамп очекува од Нетанјаху да го спроведе планот за Газа откако завршија изборите
Директорот на Нвидиа соочен со истрага поради љубовна афера со наводна кинеска шпионка
Јапонија испраќа воена помош за Филипините во Источнокинеското Море
Во Аргентина уапсен маж поради закани кон папата Лав XIV пред неговото пристигнување
Напаѓачот од Полска им подлегна на раните по престрелката со полицијата
Трамп размислува да остане неутрален во изборот на негов наследник меѓу републиканците во 2028
Трагедија на Крит: 12 мигранти пронајдени мртви, повеќе од 100 спасени
Кина ја продолжува суспензијата на дополнителните царини за увоз од САД за 2 месеци