| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Трамп: Европа неправедно се однесува кон САД
Американскиот претседател најави дека ќе побара од Саудиска Арабија и ОПЕК да ја намалат цената на нафтата, како и дека ќе побара од Ријад да ги зголеми планираните инвестиции во САД на трилион долари од првичните 600 милијарди долари
Трамп: Европа неправедно се однесува кон САД
Трамп, исто така, рече дека можеби ќе се обиде да воведе царини од 20 отсто на производи од Канада и Мексико и 10 отсто на стоки од Кина / Others

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Светскиот економски форум во Давос изјави дека Европската унија се однесува кон САД „многу лошо и многу неправедно“ во економските односи.

Како што наведе, Европа не купува американски земјоделски производи или американски автомобили, туку испраќа милиони свои возила во САД.

„Ова резултира со стотици милијарди долари дефицит на Америка со ЕУ, и ние ќе направиме нешто околу тоа“, рече Трамп за време на обраќањето со видео врска.

Американскиот претседател нагласи дека ги сака европските земји иако тие „се однесуваат многу неправедно со Америка со даноците што ги наметнуваат“.

Трамп, исто така, повика на тарифи за производи кои не се произведени во САД.

„Ако не ја прават вашата стока во Америка, едноставно кажано, ќе ја платите тарифата“, рече американскиот претседател, додавајќи дека под неговата администрација нема да има подобро место во светот за отворање работни места и изградба на фабрики отколку, како што рече, „старите добри САД“.

Трамп, исто така, рече дека можеби ќе се обиде да воведе царини од 20 отсто на производи од Канада и Мексико и 10 отсто на стоки од Кина.

Американскиот претседател најави дека ќе побара од Саудиска Арабија и ОПЕК да ја намалат цената на нафтата, како и дека ќе побара од Ријад да ги зголеми планираните инвестиции во САД на трилион долари од првичните 600 милијарди долари.

Трамп рече дека ако цената на нафтата падне, војната меѓу Русија и Украина „веднаш ќе заврши“.

„Во моментов цената е доволно висока за оваа војна да продолжи - мора да ја намалите цената на нафтата“, рече тој.

Светскиот економски форум во Давос се одржува од 20 до 24 јануари под слоганот „Соработка за интелигентно доба“.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Калини: Нема Палестина без Газа, нема мир без крај на израелската окупација
Европското обвинителство отвори истрага за измама поврзана со брзата железничка линија во Шпанија
68 милиони тони урнатини претставуваат еколошка и хуманитарна катастрофа во Газа
Пашинјан: Ерменија и Туркије ќе воспостават дипломатски односи во блиска иднина
Муцунски-Касис: Швајцарија понуди помош од ОБСЕ околу спорот со Бугарија
Ердоган: Тероризмот на окупаторите врз Палестинците  е сè подрзок поради рамнодушноста на светот
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел
Трамп предвидува голем договор за Украина што би можел да ја вклучи цела Европа
Тексас ќе ги ограничи дата центрите, голем пад на берзите за ВИ