| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Повеќе од 700.000 домаќинства без струја во Ирска поради бурата Еовин
Премиерката на Северна Ирска Мишел О'Нил ги повика граѓаните да останат дома, нагласувајќи ја сериозноста на ситуацијата, бидејќи бурата Еовин се смета за една од најмоќните што некогаш ја погодила Ирска
Повеќе од 700.000 домаќинства без струја во Ирска поради бурата Еовин
Во погодените области се очекуваат удари од 130 до 145 км/ч, додека брзината на ветерот на брегот би можела да достигне и до 160 км/ч / Photo: Reuters / Reuters

Повеќе од 715.000 домаќинства, фарми и бизниси во моментов се без струја поради бурата Еовин, што ја погоди Ирска, објави ирската јавна телевизија РТЕ.

Електричната енергија беше исклучена поради силните ветрови што предизвикаа оштетувања на електричната мрежа, соопшти Ирскиот електроенергетски одбор (EСБ).

Околу 150.000 имоти во Ирска се соочуваат со проблеми во снабдувањето со вода поради прекин на електричната енергија што влијае на водоводната мрежа.

Ирската управа за вода соопшти дека повеќето корисници сè уште имаат вода благодарение на резервоарите за складирање, но се очекуваат значителни проблеми со снабдувањето поради невремето.

Агенцијата ги повика корисниците да штедат вода додека состојбата не се нормализира, наведувајќи дека повеќето домаќинства треба да имаат доволно вода за хигиенски потреби во следните 24 часа.

Околу 230 летови на аеродромот во Даблин се откажани поради лошите временски услови.

Премиерката на Северна Ирска Мишел О'Нил ги повика граѓаните да останат дома, нагласувајќи ја сериозноста на ситуацијата, бидејќи бурата Еовин се смета за една од најмоќните што некогаш ја погодила Ирска.

Поради невремето денеска се затворени училиштата и универзитетите во Ирска и Шкотска, а блокирани се и поаѓањата на траектите во Ирското Море.

Неколку железнички оператори издадоа предупредувања „не патувај“, а Шкотска железница денеска ги прекина сите услуги низ Шкотска, велејќи дека „би било небезбедно да се оперираат патничките услуги поради прогнозираните временски услови“.

Мониторингот на ветрот покажува дека јужните и западните делови на Ирска се првите кои го почувствувале ударот на една од најмоќните бури што некогаш ги погодила Британските острови, со удари на ветрови кои надминуваат 130 км/ч веќе во 3 часот наутро.

Сепак, во погодените области се очекуваат удари од 130 до 145 км/ч, додека брзината на ветерот на брегот би можела да достигне и до 160 км/ч.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите