| Macedonian
СВЕТ
4 МИН ЧИТАЊЕ
Израелската војска уби 15 Либанци кои се враќаа во своите домови
Ескалацијата се случи поради тоа што израелската војска го прекрши договорот и останува на либанска територија по 60-дневниот рок за нејзино повлекување од јужен Либан кој веќе истече
Израелската војска уби 15 Либанци кои се враќаа во своите домови
Israel has committed nearly 660 violations in Lebanon since November 27 ceasefire. / Photo: AA / AA

Најмалку 15 Либанци се убиени, а 83 се повредени во израелски оган додека луѓето се обидувале да се вратат во своите домови во јужен Либан.

Државната новинска агенција ННА соопшти дека три лица се убиени во градот Аитарун, три во Хула, четири во Маркаба и две лица во Мејс ал-Џабал. По еден убиен Либанец е пријавен и во Ал Адиса, Блида, Кфаркила и Дахира.

Агенцијата соопшти дека Либанците се убиени кога израелските сили отвориле оган врз луѓето кои се обидувале да се вратат во своите домови во јужен Либан.

Ескалацијата се случи поради тоа што израелската војска го прекрши договорот и останува на либанска територија по 60-дневниот рок за нејзино повлекување од јужен Либан кој веќе истече.

Во меѓувреме, либанската војска ги повика цивилите да се воздржат и да ги следат упатствата издадени од војската за да се осигура нивната безбедност.

Либанскиот претседател Џозеф Аун, исто така, ги повика жителите на јужен Либан на „воздржаност и доверба во вооружените сили“.

„За суверенитетот и територијалниот интегритет на Либан не може да се преговара, и јас го следам ова прашање на највисоко ниво за да ги осигурам вашите права и достоинство“, нагласи тој.

Мандатарот Наваф Салам изрази „целосна доверба“ во способноста на либанската армија да го заштити суверенитетот на земјата.

„Ја споделувам целосната доверба на претседателот во Либанските вооружени сили за заштита на суверенитетот на Либан и гарантирањето на безбедно враќање на нашиот народ на југ во нивните села и домови“, рече Салам за време на телефонскиот разговор со претседателот Аун.

Техничкиот премиер Наџиб Микати, од своја страна, ги повика земјите покровители на договорот за прекин на огнот „да го принудат непријателот (Израел) да се повлече од југот (на Либан).“

Претседателот на либанскиот Парламент, Набих Бери, го осуди убивањето на цивилите од израелската армија.

„Крвта и раните на беспомошните либански граѓани се итен повик до меѓународната заедница и покровителите на договорот за прекин на огнот да преземат итна акција и да го принудат Израел да се повлече од нашата земја“, рече тој.

Израелската војска, од своја страна, тврди дека отворила оган „за да ги елиминира заканите во неколку области“ во јужен Либан.

Во соопштението на војската се вели дека голем број осомничени се приведени на испрашување, додавајќи дека израелските сили и понатаму се распоредени во јужен Либан и „работат во согласност со разбирањата меѓу Израел и Либан“.

Одделно, либанските медиуми објавија дека армиски сили биле распоредени во градот Дахра во јужен Либан.

Кревкиот прекин на огнот меѓу Израел и Либан е во сила меѓу 27 ноември, со што заврши периодот на меѓусебно гранатирање на Израел и Хезболах, кое започна на 8 октомври 2023 година, а ескалира во целосен конфликт на 23 септември 2024 година.

Според условите за прекин на огнот, од Израел се бара да ги повлече своите сили јужно од Сината линија - де факто границата - во фази, додека либанската армија треба да се распореди во јужен Либан во рок од 60 дена.

Податоците од либанското Министерство за здравство покажуваат дека од почетокот на нападот на Израел врз Либан на 8 октомври 2023 година, убиени се најмалку 4.068 луѓе, вклучувајќи жени, деца и здравствени работници, додека 16.670 се повредени.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Венецуела на КОП31 претстави план за обединување на заштитата на шумите и океаните
Блокот на Ајзенкот сака да укине пет закони од ерата на Нетанјаху пред формирањето на новата Влада
Властите во Рас Ал Хаима повторно отворија седум плажи по излевањето нафта
Најмалку двајца загинати при уривање на станбена зграда во Бруклин
Ердоган разговараше со Пазешкијан и повика на итен крај на војната Иран-САД
Туркије на КOП31 потпиша договори за финансирање на развојот во вредност од 5,1 милијарди долари
Кралот Чарлс ги повика учесниците на КОП31 да ги преточат климатските обврски во конкретни акции
Најмалку шестмина Палестинци убиени во изралески напад врз болница во Газа
„Акинџи“ тестира муниција за продир во бункери под електронска блокада
Мицкоски: Ваква глобална енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
Кабинетот за безбедност на Израел ќе се состане поради можен нов напад врз Иран
Пезешкијан од КОП31: Американско-израелската војна против Иран ослободила 1,5 милиони тони ЦO2
Маск вели дека би било „чест“ да го вработи извршниот директор на Нвидиа, Џенсен Хуанг
Емине Ердоган: Глобалната алијанса Нула отпад да ги претвори локалните решенија во светска акција
Бернам од КОП31: Чистата енергија е единствениот пат до енергетска безбедност