| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Белата куќа ја замрзна странската помош преку амбасадите и агенциите
Стопирана е финансиска помош за странство, невладините организации, политиките за диверзитет и етничка застапеност, „будната“ родова идеологија и „новиот зелен договор“
Белата куќа ја замрзна странската помош преку амбасадите и агенциите
Финансиската помош треба да биде посветена на унапредување на приоритетите на администрацијата / Фото: AFP / AFP

Канцеларијата за буџет и менаџмент на Белата куќа издаде наредба за привремено паузирање на сите федерални грантови и заеми, испратен до сите амбасади и конзуларни претставништва како и агенциите за странска помош и развој.

„Во фискалната 2024 година, од скоро 10 трилиони долари што ги потроши Федералната влада, повеќе од 3 трилиони долари беа федерална финансиска помош, како што се грантови и заеми“, се вели во извештајот.

„Финансиската помош треба да биде посветена на унапредување на приоритетите на администрацијата, фокусирање на парите на даночните обврзници за унапредување на посилна и побезбедна Америка, елиминирање на финансискиот товар на инфлацијата за граѓаните, ослободување на американската енергија и производство, ставање крај на „идеологијата на будноста“ и вооружувањето на правдата, промовирање на ефикасноста во Владата и Америка да биде повторно здрава“.

Во меморандумот се појаснува дека „помошта дадена директно на поединци“, вклучително и бенефиции за социјално осигурување и Медикер, нема да биде под влијание на суспензијата.

Според документот, запирањето се однесува и на „други релевантни активности на агенцијата кои може да бидат вмешани со извршните наредби, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, финансиска помош за странство, невладини организации, политики за диверзитет и етничка застапеност, „будната“ родова идеологија и „новиот зелен договор“.

„Ова привремено стопирање ќе и даде време на администрацијата да ги прегледа програмите на агенциите и да ја утврди најдобрата употреба на финансирањето за тие програми во согласност со законот и приоритетите на претседателот“, се додава во докиментот.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Муцунски-Касис: Швајцарија понуди помош од ОБСЕ околу спорот со Бугарија
Ердоган: Тероризмот на окупаторите врз Палестинците  е сè подрзок поради рамнодушноста на светот
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел
Трамп предвидува голем договор за Украина што би можел да ја вклучи цела Европа
Тексас ќе ги ограничи дата центрите, голем пад на берзите за ВИ
Зеленски: Воена помош од Шпанија за Украина во вредност од 437 милиони евра
УНХЦР: 90 милиони раселени лица се соочуваат со сериозни климатски ризици
Фидан: Алијансата од Мека е отворена за земјите од регионот со заедничка визија за мир
Израел објави тендери за изградба на 91 станбена единица во населби во окупираниот Западен Брег