| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Наскоро ќе се отвори преминот Рафах во присуство на европски набљудувачи
Бадр Абделати, министерот за надворешни работи на Египет, за каналот Ал-Кахера њуз изјави дека египетската страна на преминот е подготвена, но израелската армија уништила неколку објекти на палестинската страна на преминот
Наскоро ќе се отвори преминот Рафах во присуство на европски набљудувачи
Договорот за прекин на огнот во Газа стапи на сила на 19 јануари / Фото: AP / AP

Египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати изјави дека откако палестинската страна ќе ги заврши подготовките, граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет наскоро ќе биде повторно отворен во присуство на европски набљудувачи.

Бадр Абделати за каналот Ал-Кахера њуз изјави дека египетската страна на преминот е подготвена, но израелската армија уништила неколку објекти на палестинската страна на преминот.

Тој додаде дека преминот Рафа ќе биде ставен во функција во присуство на набљудувачи од Европската унија.

„Египет ги обезбедува сите можни капацитети, а помошта влегува преку преминот Карм Абу Салем“, рече тој.

Од 24 мај минатата година, камионите со помош влегуваат во Газа преку преминот Карм Абу Салем (Керем Шалом) откако израелската армија го окупираше преминот Рафа.

Договорот за прекин на огнот во Газа стапи на сила на 19 јануари суспендирајќи ја израелската геноцидна војна во која загинаа повеќе од 47.300 Палестинци, повеќето жени и деца, а беа повредени над 111.400 од 7 октомври 2023 година.

Договорот за прекин на огнот предвидува влез на околу 600 камиони со помош во Газа на дневна основа, како и отворање на граничниот премин Рафа на седум дена од прекинот на огнот. Сепак, аранжманите за негово отворање се уште не се завршени.

Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење во ноември минатата година за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна против енклавата.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ен-Би-Си њуз: Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз високи ирански функционери
Путин: Одговорот на Русија на украинските напади врз рафинериите за нафта е неизбежен
Петмина загинати во пад на турски воен хеликоптер за време на лет за обука
На државите им е дозволено да враќаат мигранти инструментализирани од други земји, пресуди ЕСЧП
ОН: Околу 47.000 жени и девојки убиени од интимни партнери или членови на семејството во 2025 година
Гаши од Загреб: Бараме гаранции дека повеќе нема да ни биде блокиран патот кон ЕУ
Првата пловечка соларна електрана во Туркије ќе започне со производство на струја во 2027 година
Грчката опозиција бара одговори од Владата за наводна воена обука со озлогласена израелска бригада
Иран: Четврти танкер за нафта удрил во морска мина и се запалил во Ормускиот Теснец
Шпанија го продолжува родителското отсуство и отсуството поради жалост пред изборите
Гаши на средба со Милановиќ: Хрватска е наш стратешки партнер и значаен сојузник во НАТО
Во Белгија отворен најголемиот капацитет за производство на сателити во Европа
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп